го (зам.) - забришува (гл.)

Немој, Тимјане, не мешај се повеќе во политики, му вели мајка на татка и му го забришува лицето, му ја крева потта од очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ме слушаш ли?,“ го прашав со сув и уморен глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зигмунд го остави мајмунчето на масата, а од таму позеда фигурина на Божицата Мајка, и почна да ѝ го забришува голото тело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Станува. Со ракавот од кошулата си го забришува лицето, наводенето од дождовните капки и очите расплакани.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Го забришува од лигите, од сукрвицата, од ирата моја, и: плук, плук, да не те урочам и да не те настинам, слушам како му вели на детето и го поплукува на обравчињата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Илона си го забришуваше телото со фротирката по последното туширање, додека Деница зеде јаготка од кошничката на масата, ја макна во купчето шеќер турен во порцеланска тацна и долго ја шмукаше гледајќи во темнината низ полуотворениот прозорец.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)