го (зам.) - души (гл.)

Чудовиштето пребрзо го извлекло опашот од просторите на наквечерината за да стане стопан на сѐ во мракот и со издолжена, од старост испукана или крастава ако не и лигава шија, да се наднесе над нив и да им го души тилот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А корењата на којзнае кога закланите стебла не го пуштале од грчот на своите прсти стврднатиот хумус.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Густ прав го души и го дави.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мачката отишла на гумното и зела да го души 'рслано, а после зела да го трга за ухото.'Рслано не смејал да мрдне.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)