го (зам.) - дупи (гл.)

Идат луѓе: пет шест десетина, фаќаат Турци прочуени со нивните зулуми, земаат пари ако имаат, и ги изведуваат и колат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Гласот дека Толета пушка не го дупи, уште повеќе страв му влеа на сите Турци, a особено на чифлигарите, што секоја вечер се тресеа да не ги нагази негде Толе, та се прибираа уште со видело и се затвараа во кулите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Неоти него не го дупи куршум? — почна да ги насрчува кога ги виде замислени, а во себе и сам се запраша: „Зар може навистина да не го фаќа куршум како што се слуша?“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ѓаурска работа, може и тоа да биде; инаку како се доварди од толку потери и пусии на кои падна овие десетина дваесет години арамилак!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Многупати самиот аскер се иставаше од него за да не напакости Толе некого, бидејќи беа веќе убедени дека Толета не го дупи куршум. ; Но па молбите од Андона, а особено на молбите од руса Митра да ја спаси од Брлета, Толе реши да побегне со Митра во Бугарија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ааа! овој ли е Толепаша од Мариово што не го дупи куршум, а? — Се испушти од неколку грла наеднаш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- А бре, - говореше еден чјалмалија,- него куршум не го дупи, него сабја не го сече.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По нив иде војската со штикови и секого го дупат таму каде што е бележан.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој напред. Го дупи снегот како некој крт а јас по него го ширам патот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Не се држи овде фронтот, си велам и го дупам коњот со петиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ова биле животинки само на тајгите, слушаме, ни го дупат лицето, острижената глава.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
11. ГО ДУПИШ СО ОСТЕН, А ТОЈ ВЕЛИ ТРН МИ ВАДИШ - каде ли се сѐ зачекорува со таква здрава нога?
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Но тој навистина, додека Онисифор Проказник со уште двајца отишол да го земе скриеното оружје на оној бег и на неговите измеќари со кои се колеле во куќата на немата Ганка пред да влезат во Лесново, седнал под стар орев и умрел говорејќи, зачудо смирено и без страв, дека не умира од старост, дека на дружината крлешки ѝ се залепила црна чума или проклета утеха: болката го одбрала него за да ги предупреди дека ни најумниот не е достатно силен да ја победи: злото ни секира го сече, ни нож го дупи, ни можеш да го зграпчиш за уши и да го урнеш од карпа в бездна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се молел пред умирање Симон Наконтик. Луѓето, свикнати да измислуваат молитви, да се сожалуваат или да бараат сожалување, и не го слушале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ни плетеше ни метеше, ни крпеше ни шиеше, ни месеше ни печеше, ни параше ни бараше, ни молеше ни колнеше, само го дупеше ѕидот со отапениот поглед и како да немаше да се зачуди ако од тоа куќата ѝ се урне врз главата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не се врта, но знам, чичко Лозан се ниша по магарето и го дупи со стапот да оди побргу.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Дедо му ја гмечеше шубарата во рацете и го дупеше Дудана: - Гугни, речи нешто...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И го дави човекот, му ја кине устата, му ги каса ушите, го дупи со палците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го дупат кокичиња и кукуреци.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)