го (зам.) - дочита (гл.)

„Бидете стрпливи! Да го дочитаме писмово!“ ги смируваше претседателот Томе.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во моментот кога го дочита писмото, не беше сигурна дали е вистина или, заради болеста, халуцинира.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Го дочита писменцето Неделко Сивески, го свитка и ни го даде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога го дочитал пишаното, дојденецот, учениот и умен гостин, во миг пребледел, кротко се подигнал, ги кренал зачудените очи кон нашиот другар и изустил: „Ваше царско величество, Ваше превосходство, Ваше преблагородие, праправнук на големиот махараџа Раџнапур“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Големиот Мајстор го дочита писмото до крај, потоа, сеуште држејќи го писмото во рака остана уште долго замислен во својата фотелја додека во собата бавно надоаѓаше ноќта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)