го (зам.) - дофрли (гл.)

Диви бранови си го дофрлуваат rастрепереното тело мое.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
Дали да му го дофрли на најмладиот придружник, чие остро сечиво на погледот му го пробива грбот...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа име децата секој ден со страшна упорност му го дофрлуваат од далеку.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во таа вечна трка некое одамна избледено искажување, што му го дофрлил некој делегат во Собранието, дури во овој момент му заличило на полна чаша отров плисната пред неговите нозе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Еве ти го, - му го дофрли и стана. - Има мои чкртаници, ама ќе се снајдеш.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Ване, без око да му трепне, посегна по креденецот, кај што мајка му ја беше оставила испразнетата тегла, па му го дофрли индексот на младиот Курназ, за кој веќе беше сигурен дека е иследник.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)