го (зам.) - дофати (гл.)

Кога Вадја остана сам, старецот повторно осети снажна потреба; но овојпат мртовецот примени итрина, прикривајќи го цицањето на крвта со татковски бакнеж. 72 okno.mk Устата ја прилепи исто онака безживотно, празно.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но се покажа дека Вадим не само што се сепна туку и во брзината го дофати татка си за грло, и тоа беше снажен машки стисок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ураа фати го! – викаше еден, го поклопи со самиот него, нафрлувајки му се, го дофати за задниот дел од вратот, па го закла за миг како пиле што се коли..
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Погледнав нагоре со раширени раце небарем ќе го дофатам небото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А еден друг го дофати Јане за појас, право на коњ, како јагне...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Наведнат над листот, се напрегав да ја следам мислата и да го дофатам зборот со сиот волумен, широк и дрочен како големата дрочна месечина што виси ноќва над Маказар, „селото со седумдесет куќи и двесте и осумдесет жители“, како што пишуваше во својот патопис Јохан Барт, сместено одамнина крај стариот пат Виа Игнациа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во долниот дел од фотографијата, во две колони, со нејзин ракопис, беа испишани стихови кои зборуваа за човек кој од својата педесетгодишнина го гледа во себе детето како се искачува по ридот, торбето назад, усните издадени напред, брза кон високата прозрачност од каде што се гледа светот, големите кули и градови, се искачува упорно и постојано, за да го дофати и да го осознае она што сѐ уште му е скриено, далечно и тајно.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И татко ми, сиот полн со гордост, бидејќи толку богато ја снабдил трпезата и за овој Божиќ, а можеби мислеше дека е побогата од било која измината година, судејќи по бројот на гостите што беа собрани кај нас, го дофати со дебелите прсти, најголемиот нож што го имавме дома и ја финишираше постапката околу черечењето на беспомошното јагненце, кое за среќа не беше сведок на настаните.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Овој тип на човек кој бега од непосредното, кој ја сака темнината, кој емотивната сликовитост ја прифаќа само низ една брза метафора, кој она чудесното (meraviglia) настојува да го дофати со еден интелектуален знаковен систем на крајно стилизиран јазик, не е ниту историски ниту социолошки тотално посебен и оригинален тип.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Бојан го држеше лебот високо над главата, дразнејќи ги кучињата, а тие скокаа околу него, обидувајќи се да го дофатат лебот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа дедо Иван си влезе во колибата. Седна до огништето, ги приспотна гламните, па го дофати она шишенце што му го донесе Бојан и потргна два-три пати.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го дофати од гранката небесна герданот од бисери и го растури по насмевнатото лице. Мелодијата стивна.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Секој е осуден да прави и такви чекори - чекори покрај себе како раката кога избегнува да го дофати болното место.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Влезе, ја допре скалата до шупата и се покачи. Лесно го дофати парчето и се врати дома.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Но и опавчето се вртело заедно со мачето, и никако не можело да го дофати.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
И токму ја спружи раката да го дофати, зракот наеднаш рипна и ја прескочи оградата. Славчо веднаш по него.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој час народот се распиште и се разбега на сите страни, а заптиите и војниците, пред сите Јосиф Акиноски, потрчаа да ги одвојат Лазора и Арнаутчето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Пред да биде погубен Арслан бег со дружината, додека акаше низ полето за да го дофати Владимира Акиноски, во време жетва, беше наумил да ја грабне за брата си Салија најпрвата убавица во Потковица, Руса Јанческа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Но, невешт во борењето, никако не успеваше да го земе Иса на колк и да го удри од земја, ниту пак да го дофати со десната рака за неговата десна рака, горе над дланката, а со левата за неговата лева нога, долу под глуждот, и да го акне од земја.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Арслан бег се наведна, го дофати орелот за нозе и го крена, нишајќи го, му ја одмеруваше тежината.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор рикан како попарен и се загна, со ножот во слабината, по него, по Арнаутчето; го дофати, ги вклешти рацете околу неговиот врат и го поткрена од земја, но тогаш два куршуми, едноподруго, се забија во неговата лева плешка, па Лазор се нурна нанапред и падна на земја, со Арнаутчето под себе.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Исо, пак, вешт, силен и сигурен во својата победа, се вртеше околу него, плескаше со рацете, со еден збор тераше подбишега со Лазора.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Старецот, кој цело време со раката го држеше џебот, овојпат го пушти, го дофати јажето од Еразмо, од него направи ласо.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Е дури тогаш ќе ја откриеш човечноста во човекот. – Дај му тишина на умот за до го дофати свеста негова ритамот на танцот на радоста.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се уморив чекајќи... Со расштелована јадица да го дофатам најпосакуваниот плен...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Постои светскоисториски поларитет на лично и нелично разбирање на Бога.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Кога маниристичкиот прагест настојува да го дофати “неличниот”, необликуван Бог (сила којашто дејствува во природата вака или онака), многу повеќе е натуралистичка од “наивниот” гест естетски врзан за природата на класицизмот, кој го гледа Бога како лик, уште повеќе, го гледа Бога како човек, значи низ една мошне избрзана метафора.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тоа изгледаше исто онака вретенесто и далечно, како што изгледаат рибите во матната вода, а тој никогаш не стаса да го дофати ни со мислите тоа меркање, што изгинуваше наеднаш, за да се појави пак на она место, каде што најмалку го очекувал, и во оној миг од разресената лента на сознанието, каде што најмалку можеше да го осмисли.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
1 Беше дојден тука само заради ова, што го правеше сега, затоа мораше да го дофати секој миг од времето и од водата, што му беа дадени, и да остане до крајот, тоа беше се, што продолжуваше уште да знае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го имаше тој поган поглед и додека се сврте кон масичката и за еден миг го опфати својот нож, чие што сечило проблеснуваше притаено на виделината, а не помисли ништо, ни додека почнаа да го чешкаат јаболкцата од прстите со онаа желба да го допре, да го дофати, тоа тивко живинче, што стоеше веднаш тука, а се чинеше како да е наеднаш многу оддалечено, недофатливо, беше еден ист впечаток како кога гледаш од опачината на двогледот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Срнчето лижеше токму на она место, со кое што тој побара да го дофати, да го зграпчи. Беше тоа нешто сосема поинакво од сѐ друго што очекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој просто како да го дофати на своето лице нејзиниот поган допир.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неговиот поглед беше многу спор за да го дофати барем кај една од нив тој миг.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа го дофаќа во веселиот хаос неговиот глас, шумот од неговите забрзани чекори.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Прв го дофаќа утринскиот повик Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, немирот ќе трае. Тој ќе трае, сè додека мелодијата не го дофати врвот. ***
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Евреинот го дофати за реверот од капутот: „Еј, докторе! Слушајте! Зарем сте збудалиле?“
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Одеднаш повторно се појави пелистерецот и несмасно го дувна шеширот на Петар, кој веднаш се затрча да го дофати.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Внукот на Петра се протнува меѓу нозете на Чана и се слизнува натаму, надолу, следен од гласот на Чана која го предупредува да внимава на возот што се движи оти тоа се обидува да го дофати неподвижниот петел, и вагоните изврвуваат, го откриваат просторот натаму, Веселко го грабнува петелот, набрзина пак се протнува со сѐ петел меѓу нозете на Чана и се исправа крај неа исто така обземен од просторот што е пред нив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ама поединци не се стеснувале да ја исмеат: Излезе и Маре да го дофати за нога фатениот зајак.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тишина. Го дофати телефонот и го фрли низ затворениот прозорец на улица. ***
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И додека загрижените членови на семејството гледаа, тој го дофати памучниот опаш на едниот од малите змејови, го врза околу појасот, го дофати клопчето од конец, ставајќи го едниот крај во уста, им го даде другиот на децата и се вивна горе, горе во воздухот, далеку во мартовскиот ветер.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Зарем смеев и да помислам на каков било начин да му ја намалувам големината на мојот братучед и да ја обезвреднувам воодушевеноста на тетка Боса од способноста на нејзиниот син да го дофати највисокиот грозд?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не го ни забележа испиениот старец кој се протегна преку оградата на гардеробата за да го дофати нејзиниот чадор.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А она што не го дофаќа окото секогаш го буди љубопитството.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејзината закана е исто толку вистинита во Историјата, како и во сништата,во љубовта како и во омразата... ...во потерата и пленот и гонителот играат според обредно – магиската логика – нивната неизбежна врска е енергетска – силата што ја троши ловецот за да го дофати пленот, бара и бегалецот да ја внесе истата сила и итрина за да измолкне.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Нивниот цинизам секогаш ќе биде далеку од тоа да го дофати објективниот цинизам на масите во поглед на нивната сопствена суштина (тие не ја ни имаат).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се пружи тој по коњ, да го дофати, но не беше можно тоа.
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Со левата го удри по уво и поправи уште еднаш. Полуседнат го дофати ножот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)