го (зам.) - дослушува (гл.)

Ние тажни го дослушувавме кажувањето на татковиот побратим за исчезнувањето на нашиот чун.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Никого не го дослушува, никому не му дава да се доискаже.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога Чана како предводник поминува крај нив го пушта својот глас Ајде црни Дине, ајде Рисо, Трондо, грабајте и по нас! и уште нешто проломотува ама тоа не го дослушуваат, го голтнува вревата и дождот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ти, единствена што го дослушуваш мојов шепот, ти што пред малку не избави од скаменувањето, не одземај ми го од раце суштеството што ја зароби мојата прва љубов, распарај ги смрачниниве и лилјаците и дигни ги видиците пред нашиов далечен пат!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Што велиш?“, го прашувам јас, бидејќи не го дослушувам додека тапкам пред животното фатен за оглавникот. „Пополека води ја маската“, повторува тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)