го (зам.) - дополнува (гл.)

Господ ми го дополнува сонот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вкочанетоста на нејзините мускули го дополнуваше тоа чувство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Чудесниот езерски пејзаж го дополнуваа многубројните птици од различен вид.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во почетокот, Ла Ринашенте го дополнуваше нашиот буквар, ги збогатуваше, на чудесен начин, сликите од изградбата на комунистичкиот социјализам во нашите учебници по запознавање на општеството, по географија, по историја, по марксизам, кои им контрастираа на сликите на една капиталистичка земја, посебно со каталогот од модата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од ранецот го извлекувам албумот што со години го дополнувам со стари фотографии.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
При ретките доаѓања на наши блиски од другата страна на границата, во времето на привременото смирување меѓу двете земји, најстариот брат вешто го дополнуваше семејното стебло со нови податоци, впишуваше нови не­познати имиња, додаваше нови гранки, за нас непознати.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)