го (зам.) - допива (гл.)

Јон го допива паурчето со ракија и слегува в пондила, да си ја тепа главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во исклучително занесно расположение, кога го допиваше по трет пат залиениот шампањ, му се обрати на домаќинот Сотир Паскали: Астрономе мој, морам да ти речам дека конечно утврдив дека ние имаме сродни души.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Беше сигурно оти стариот Пико, во овие минути кога јас јурев по магистралниот пат напуштајќи ја Картагина, небаре во донкихотовска, дипломатска мисија, си го допиваше своето кафе во својата цветна градина, почнувајќи да чита нова книга, за која сигурно ќе ми раскажува, при наредната прошетка крај морето, а јас ќе му кажувам за своите дипломатски искушенија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)