го (зам.) - додржи (гл.)

Не можеше да го додржи слончето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Александар: Ти од мал ме потсилуваше на битки и копнежот мој е голем сега не може да го додржат овие простори, далечните пространства ме мамат!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Прстите му помодреа и не го додржаа, го пуштија и се слушна како бапна таму внатре.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
„ Ќе а гледам, ќе а гледам и ќе а гледам, дури да ми се наситат очите!" — заклучи тој и заспа за да сонува: како се качува на една висока топола, на која имаше страчкино седело; во седелото мали страчила и таман кога требаше да ги ловне, сите излетаа, само едно го додржа за опашка, а страчките, и двете, му се пуштија, сакаа да му ги исколваат очите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само книгите го додржуваат во животот, прошепоти Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Ако го возиш твојот уницикл помеѓу годините, внимателно одржувајќи ја рамнотежата со рацете подигнати горе, и ако управуваш низ годините, минувајќи една седмица во 1909, еден ден во 1900, еден месец или ноќ некаде другаде, 1905, 1898, би можел да го додржиш летото до крајот на својот живот.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Господ ни го додржа небото, да не би облачишта и дождишта трудот да го запустат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)