го (зам.) - догледа (гл.)

Најпосле го догледа и даскалот Бина, стиснат до Ташковиот ѕид и како да се поразведри, му се приближи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Даскалот замрзна и почна на турски да се моли да не го срами пред толку свет да го врзува.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
За тоа време се напрегаше, низ џамлакот накитен со сите дребулии што беа изложени, да го догледа трафикантот и во него да го препознае стариот Курназ.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Веќе беше одминал, кога весникарот го догледа и му викна: - Еј, Бошко, весникот!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе го догледа Васко, ќе му се доближи па ќе му седне на коленото и ќе му рече: - Дедо, раскажи ми една приказна за дете и змеј!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- О, гостин! - се зарадува Џив кога го догледа својот полски пријател. - Добро си ми дошол.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тоа го догледа детето на прозорецот и Мишко помисли дека сега ќе се исплаши и ќе одлета, но врапчето остана.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Веќе беше одминал, кога весникарот го догледа и му викна: - Еј, Бошко, весникот!
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Кога тргнав кон влезната врата ми се стори дека го догледав татко ми крај прозорецот и во другиот момент го немаше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Царот останал вџашен од бистрината на говедарчето. (Бидејќи секоја капка дожд во април и мај месец чини колку еден златник).
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На враќањето царот го догледал момчето искачено на каменот како гледа во далечината, а говедата наоколу пасат трева.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Денес повеќе е позната по името Долна чешма.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
На волоите секоја година длаката му се менуела и се подноуала кожата и никогаш не умирале.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
ЗЕМЈАТА И РАЈОТ Вечната била еден длабок дол, што око чоечко не можело да го догледа и преку тој дол имало мос од влакно и секој чоек, што ќе умрел, ќе поминел на влакното преку вечна и, ако е грешен чоекот, штом се качи на влакното и ќиниса по него да оди, ќе се скине и ќе падни чоекот внатре во вечна, а пак ако е праведен чоек, едно ќе се качи на влакното, за да врви и веднаш ќе му се стори еден широк мос и трчаница ќе си помини и во рај ќе си влези.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Потоа меѓу нив го догледа и својот лик.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
- Гледај сега, возбудено ми дошепна Цане, - Гледај... Гледав. Арсо се нишаше пред тапанот, пушташе некакви грлени извици, смешно подрипнуваше од нога на нога; кога го догледа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
О.К. глупчо доби што сакаше: сакаше. Мислам дека ќе се патосирам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Морам да го догледам фудбалот. Кој води?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Отец Симеон се сврте кон него, не можејќи никако да го догледа целиот.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Потоа меѓу нив го догледа и својот лик: Беше потсмешлив, дрзок, самоуверен.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Освен тоа не сум го догледал низ пукнатиов Никита светот, неговите патишта и тајни, иднината.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Елена го догледа лекарот на Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
За среќа на бунтовниците, Суљо-ага реши да ја премине Црна во темнината, та преседе дента под дебелите јасики на Мејмедова Чешма, привардувајќи се да не го догледаат од спротивните брегови.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Едно влегле во дворот и го догледале синови му на човекот Силјана, дале радосен вик децата:
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Одејќи околу трло, го догледала кучка Лиса и му се пуштила молкома, та го фатила за опашка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кравата се одлепи од брегот и тргна покрај реката за да го догледа телето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)