го (зам.) - довлечка (гл.)

Набрзо потоа и црквата ја затворија, односно ја пренесоа во надлежност на попот тополечки, и него го довлечкаа оттаму, од Србија, откако тукашниот свештеник, поп Цветана го уби мајорот Загориќ.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше недела, втора година од владеењето на Србите во Потковицата, прв ден Велигден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Со голем напор кревката Ивона го довлечка до широкиот тросед.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако некој волк слезеше во селото и направеше штета, викаа по Толе дека тој го довлечкал.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Нему му беше што побргу да стаса до дома, да го довлечка до дома ова снеможено тело.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Градот некако пак го излажа; го исцица од мочуриштето и го довлечка во својата жега.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ѝ личеше на прасе, подготвено за печење, на кое решиле да му закачат кожен ремен околу вратот, за да го довлечкаат (најмрзливо, се подразбира) до најблиското дрво.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кога Османлиите го освоија неговиот Сигет, војсководецот Иса-бег, еден од тројцата синови на прочуениот Исхак-бег, кој потоа и загина на Лебното поле во битката меѓу турската и унгарската војска, го довлечка во Скопје запленетиот саат што го симна од саат-кулата на Сигет.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
знаеше дека пламените јазици нема да му лизнат во гордоста ниту во гумираното платно на параглајдерот, ама не знаеше дека мигум може да му се стутка платното и да се урниса како приказната за прометеј (кај се видело бронзен параглајдерист) кому никогаш нема да му се разјасни кој ѓавол го довлечка во скопје а нема да му се разјасни ни табиетот на македонците од секој оган да прават големи пожари.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)