го (зам.) - длаби (гл.)

Ја зеде секирата и со одмерени удари, во кои ја внесуваше сета своја сила, почна да го длаби местото меѓу двата јазла.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тешко се копаат канали. Реката со милиони години си го длаби својот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Секогаш кога помислувам на стрипот (воопшто: на „концептуалната уметност”, вештината на преградувањето, компјутерските игри со многу прозорци во кои се наоѓаат нови многубројни прозорци, лифтови, тавани, визби - целиот тој делумно изветвен психоаналитичарски корпус, што наликува на франкенштајновиот пачворк, или на Голем, тоа купиште екстремитети како еден puzzle од „лаги” што ја создава треперливата, испресечена вистина, еден зоетрап-стрип) ми паѓа на ум (како што, веќе рековме, сенките паѓаат од ѕидовите, толку бавно како капките /оној мраз!/ што го длабат она дно?!) Емпедокловото сфаќање на окото и гледањето: окото го градат (според Платоновиот „Тимеј”) огнот и водата; огнот е раздвоен од водата со мембрани направени од мошне ситни пори кои спречуваат водата да продре внатре, а на огнот му допуштаат да излегува надвор, за да го сретне предметот на гледањето.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓу карпите - тишина ... саде водата капе - капка по капка - го длаби коритцето - бигорно.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во една есен студениот ветар со сврдел го длабеше нејакиот плитар на нашата куќа. Трипати се прекрстив.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Длабоката потреба на песната да влезе внатре, во најдлабоките длабичини на битието, Озрачен (Од дална ѕвезда) Медоточен И По ро чен. е пораката што го длаби своето постоење во тие длабини и го оплодува неочекувано битието на суштината, битието на длабокиот дух осеменет од порокот на создавањето.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Кап - кап - кап - саде капка по капка капе во коритцето - бигорно... и тенка шурка тече удолу... нема сила што да ја запре водата - кајшто течела ќе си го длаби патот - ќе тече... Бигорна тишина...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)