го (зам.) - дише (гл.)

И каменот дури го дише овој чудесен септемвриски воздух, што си го предаваат дните со невозмутима и блага јаснина.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Богдан чувствува како со секој ден сѐ повеќе малаксува, сѐ повеќе го губи апетитот за јадење, сѐ повеќе креветот го држи закован за себе, сѐ повеќе ја губи волјата да стане и да појде во градината; воздухот чувствува сѐ поредок му е и со мака го дише; под кожата крвта му се згрутчува како црвени кристали, како да му се замрзнува, сиросува; гледа: со животот го сврзува само уште тенка нишка што се мачи да ја одржи; го чувствува нерамномерното чукање на срцето, и во мигови кога помислува дека ќе запре, ги трие градите за да го потсили или да го сниша како часовник што подзапира.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потребна му е како што мене ми е потребен воздухот што го дишам во оваа црвена и топла оаза, наречена „мојата соба“. Мојата таинствена светлина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Една приквечерина, додека го дишеа опојниот мирис на сеното, припиени еден до друг, некој мина крај кошарата и им свика: „Внимавајте, ќе го потпалите сеното...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Со Дејан седиме на ѕитчето и гледаме како чадот што си го испуштаме еден на друг среде лице се меша со памук и дамки, ги отвораме устите и го дишеме чадот: јас неговиот, а тој мојот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Многу работите! И многу знаете! Сите треба да соработуваме, зошто воздухот го дишеме сите!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во одбрана на забраната на билбордите во Сан Диего, судот заклучи дека „загадувањето не е ограничено само на воздухот што го дишеме и водата што ја пиеме; тоа може подеднакво да го навредува и окото и увото“129. 5.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Во познатиот случај Метромедиа против градот Сан Диего, Врховниот суд на Калифорнија пресуди во корист на валидноста на прописите во Сан Диего, заклучувајќи дека полицијата може да интервернира за исклучиво естетски цели, и дека забраната на надворешните знаци и билборди во Сан Диего не значи прекршување на првиот амандман на Уставот128.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Потоа ги отвори и прозорците на другите одаи во куќата и на сите простории; ги отвори и долапите, и шкафчињата, и ковчезите, и ношвите и сѐ што можеше да се отвори во куќата - за да се истисне отсекаде воздухот што го дишел Илко, сѐ да се испроветрее.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)