го (зам.) - дере (гл.)

Кога ќе почнеа да го дерат и да му ја чистат утробата, по миризбата дотрчуваа сите селски кучиња, се собираа наоколу, 'ржеа, квичеа, завиваа, се впуштаа да вчапат од трбушката.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Секогаш ми горчеа и сирупите и капсулите што моите деца ги голтаа на сила, а мене ми го дереа грлото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Што ќе му прави: ќе го дере, велеа некои.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Не сум го тепал и не сум го соблекувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не знам кој го мердал и кој го дерел, рекол зимурлавиот Гавруш Пребонд.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почекај, ќе те фатиме и ќе ги врзуваме опинците и објалата со твои жили.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да можеа да се доберат до него во таа долга ноќ, ќе го дереа и ќе му ги корнеа ноктите, ќе го наденуваа на зашилено јасеново стебло.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кадијата чкртна со забите и му се заколна во големиот Алах дека ако го фати навистина ќе го дере и пече...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Човеко на утрото зел ножо за да го дере 'рслано, ама гледа на гумното, нема нишчо, тој си избегал.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Тој уште одвреме-навреме ќе подмрднеше, ама јас веќе му ја имав распарано кожата и веќе го дерев.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Е, го обесивме на чингелот, под тремот и го дере Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)