го (зам.) - демне (гл.)

Но Македонија ја содржи, во својата природа, плуралноста и јас мислам дека сите ние, пријателите на Македонија, треба да ѝ се придружиме во спасувањето на овој плурализам, бидејќи добро знаеме колку е тој денес загрозен и колку закани го демнат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сличното се согледува во тоа што песните од „Две тишини“ продолжуваат да го демнат претурањето од мислата во јазикот кое непрекинато се одвива со секој одделен, изговорен збор на кој било говорител без ниедна загубена капка капната патем, пред содржината на Едното целосно да стане содржина на Другото.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Задачата на поезијата на Анте Поповски беше и овојпат е, не да го надгледува претурањето, ами да го демне капнатото, подлижаното, да го најде и да го прибере загубеното, да му го врати побегнатото на јазикот, сето она што тој може (повторно) да го прими.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Гледаше час лево час десно, небаре го демне, од некаде, вечно присутниот Мирон Донски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Меѓутоа Сухов незабележливо ве следи, што би се рекло по стапките, и го демне моментот кога е можно да бидете изненадени.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеби дури ќе успеете и да го заборавите додека се шеткате меѓу несмасните надгробни споменици од осумнаесеттиот век, понекогаш налик на вазни, што можат да се добијат на некоја уметничка лотарија, но почесто личејќи на облаци вкаменета пена од прашок за перење; потоа меѓу надгробните споменици од деветнаесеттиот век, интересни поради мешањето на рускиот класицизам и уште по нешто руско, се чини, духот на апсолутизмот и, најпосле, помеѓу надгробните плочи од последниве децении, неромантични, каков што е обичниот алат.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Додека се одеалечуваше гледав по него и размислував за оваа опасност што почнува да го демне разиграниот кадравко.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А ноќта дошла побрзо отколку што очекувале, онаа ноќ бескрајно моќна да ги сокрие арамиите, заљубениците и грчот на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бол, повторена возможност на заборавениот Лозан Перуника кога ни го викнале да чекори со оние што ја пребарувале густината на леските ни му покажале стражарско место да го демне призрачето на гаќи од кои се мавта учкур како памучна сабја на смешен, потсмешлив или исмеан делија.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Штукнал од ум со придушен крик кога го видел најмладиот од дружината - Лозан Перуника сакал да се оддалечи нечујно од своето засолниште.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Предводникот на другата група одел попретпазливо. Сакал нечујно да дојде до работ на шумата и потоа да ги постави луѓето во широка линија - првиот Онисифор и неговите луѓе биле терачи што ја преплашуваат дивината, вториот ловел без возбуда и пресметано можел да демне во заседа.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Жолчно надојдената ноќ од сите јами и од сите рани на животот го демнела на секој чекор со соништа што ги заборавил ослободувајќи се од треската и го присилувала да се движи со крадечка претпазливост помеѓу двоколките на кои, овде или онде, веќе спиеле неколцина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И ги подавал рацете кон првиот ден на својата младост, барал 'ржени ниви Лозан Перуника.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човекот со црна креста на темето избегал крстејќи се во скокови зашто мислел дека и него го демнат како тој самиот што демнел и што го начекал дојденецот со превивка преку едното око доколку не верувал во подгробни сили како, малку подоцна, што можел да се вангелоса и Лозан Перуника: во дворот на манастирот видел трепетливи пламенчиња што се движеле кружно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Страста на човекот со обетка на увото јурнала со сила на шарпланинец кога ќе сети дека стадото му го демне волк.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се обиде повторно да заспие но постојано имаше чувство дека некој го демне.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Беше тоа она, што преку целиот ден го демнеше од зад стеблата, а сега можеше да излегува и да му се приближува и тој секогаш наново можеше да го наоѓа сѐ поблиску до себе, спружен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури кога си легна во својата топла, миризлива темнина на ложниците, по него пак, како некој што постојано го демнел од темничината, обрасте онаа мисла за самјакот и за себе си сам, и пак го потисна во познатата пеколната притивнатост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Смарагда е неодвојна како негова сопствена сенка, го демне секое негово движење и го гушка и милува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Го заплеткуваат овие луѓе, лукаво го демнат, го заплашуваат, го возбудуваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Му се причинуваше дека се ближат и го демнат ѕверови. Го слушаше нивното блиско ’ржење.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во почетокот тоа му беше интересно, но подоцна му стануваше непријатно: му се причинуваше дека тие оживуваат, гледаат во него, го демнат од сите страни, го следат секое негово движење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дури и на непријателот што го демнеш молкум.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Којзнае кај се крие болеста, вели Уља, јатрва ми, којзнае кого го уми, сега, и кого го демне, сега.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш тоа се согласи и јас го поведов по темната улица до отворениот прозорец на оној што го демнев.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Влезот на хотелот беше окупиран од постари момци кои како волци го демнеа „пленот“ - кој дефилираше пред нивните очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во болка, раскрвавен како рането ѕвере, секој ден 'ржеше, на секое место во домот го демнеше Кејтеновиот син, се спремаше за најстрашна одмазда.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сигурно некој го видел како се мушка низ дворот, му го пронашол скривалиштето, деноноќно го демнел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Еднаш тоа се согласи и јас го поведов по темната улица до отворениот прозорец на оној стан што го демнев. беше брзо и подвижно како мачка, но не влезе веднаш и јас му го дадов ножот да ја расцепи мрежата за комарци.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Сите летни сенки беа слеани во една, голема и избледена иако пред тоа, како предзнак на невидлива сила што го демне или просто не го заборава селото, по вторпат процути крушата во дворот на Богдан Јанков.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Постојано, длабоко во себе, чувствуваше дека е осуден, сам или со семејството, да минува некаква граница мислејќи дека постојано го демне опасност по животот и дека, бездруго, треба да мине некоја граница за да биде спасен.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во аплауз додека минуваш Во шепот пред тебе што се распостила. (“Многу заседи го демнеа твојот пад”) Заседи од аплауз како празни истрели.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Уживаше додека му се качуваше низ раката, весело пиштејќи со јазичето, или додека го демнееше пленот, хипнотизираната бубачка, плетејќи го околу неа ловечкиот танц.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Од друга страна, Маргина сепак доби шанса и во тој сплет на амбивалентни чувства околу сѐ што ни се случува, јасно се издвојува чувството на голема благодарност како кон тој фантастичен, долготраен и макотрпен Сорос-проект (кого го демнат милијарда гадни опасности, од кои бирократизирањето е една од најстрашните) така и кон многу конкретни луѓе во македонскиот Сорос центар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се зајадов и го демнам ко мачката глушецот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од аглите на собата го демнеа дебели тетки со виклери во косата.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)