го (зам.) - дебне (гл.)

Егоцентрична река. Упатена накај белото море па она друго и друго сѐ додека не се нурне во овоземниот облик на бескрајот - океанот.  Реката е предолго загледана во својот крај - уточиштето премногу втренчена во преобразбата.  Реката така чека и го дебне мигот на својата смрт - слевањето во другиот.  Од идентитетот ѝ останува само морската струја. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Рисот сигурно го дебнел за сето време оној малумен клапчо, сигурно и многу поодамна на него, а сега беше побрз и го однесе во своите заби.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А тоа негово прашање остана да виси без одговор и да го дебне со својата неодгатливост сета ноќ, исто како оној остар месец. Исто како оној мршар, долу, под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше и една пеколна тиштина, зад која што од сите страни продолжуваше да си постои онаа раздвиженост; тој сега го носеше и тоа како уште поморничаво бреме по угорницата, го сеќаваше како го дебне од зад секое дрво, но продолжуваше нагоре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
45. ГЛАДНА МЕЧКА НЕ ИГРА ОРО - туку по селото го дебне пленот: не отворај ги дверите на дворот и на сокак не излегувај, жено...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)