го (зам.) - дарува (гл.)

— Mope, нека бидат живи ќерките, брату, та лесно е за кожувите, — одговори Стојо и и честита и на Доста, го одви девојчето, го поткрена дури до греда, го остави во крошнето и извади еден бел черек, кој го носеше од пред три месеци за овој ден и го дарува првото внуче од брата си.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Овој го дарува бела меџудија, мудурот му тапоса два черека бели, ќатипот, мулазимот по черек, нункото — грош, попот — чакмак; деверот исто, дури дојде до дедот Петка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо Васја беше колхозник со одликувања. Владата за Денот на победата го даруваше со свилени кошули.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
АЛЕКСАНДАР ТЕРЕХОВ ХАРОН
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но бидејќи сме измамени, и со измама самите себе сме се измамиле од сопствената свест, те. од личниот свет на доживување - таа единствена смисла со која би можеле да го даруваме надворешниот свет - резултат на тоа прилагодување на општеството, е тоа што истовремено сме намамени во илузијата дека секој од нас е издвоено, „со кожа обвиткано его”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
- Тие што ни го даруваа животот -крикнува постариот брат, вон себе, со ококоравени очи. – Родителите наши!
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Наместо огнот да го голтне дрвото, дрвото го проголта огнот и остана на сред клада, како со вода, а не со оган да сме го дарувале.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ЦОНКА: Па, сега кумот ќе го дарува кумашинчето. (На Теодос мазно.) Треба алтанче на крштеничето, адет е, проводија за крштеничето.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: (Се повлекуеа настрана и прикривајќи вади од ќесето пари,.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И младата Арапка го дарува со ненаситноста на својата страст и љубоморно бдее над него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Со тоа го навредуваме оној што сме го дарувале, оној што сме му помогнале. Го понижуваме.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ние го викавме козле, макар што веќе беше коза и ни го даруваше првото млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како што рекол и така направил, се потурчил... На новиот Турчин сите му донесле дарови... кој фес, кој појас, кој ова, кој она и убаво го дарувале.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)