го (зам.) - гушне (гл.)

Мајка му на Ташко сѐ така се насмевнуваше, ни мавна со рака, си го гушна бебето и се тргна од прозорецот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ќе го гушнеше до себе мачорот Сурко и ќе му зборуваше: - Кога ќе пораснам, Сурко, ќе научам да бројам многу, многу, па една вечер ќе ги избројам сите ѕвезди. Ќе ги избројам до една...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Штом јунакот тој ќе го гушне со насмевка милна, радосен ќе ми те баци . . .
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Јас го гушнав затоа што ми беше само симпатичен, а освен тоа требаше да се мисли и на рејтингот на Партијата, а јас во тоа време бев нејзин активист, и се очекуваше наша победа на изборите.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Како и да е, таа случка на разбојот беше многу непријатна; најверојатно (оти не го имам читано дневникот на Лудвик), тој си замислил дека со тоа што го прегрнав при доскокот (го гушнав, затоа што во суштина ми беше многу жал за него, оти беше подготвен на најниски понижувања, само за да биде еден миг со мене), негувам некои длабоки чувства кон него. Но, тогаш не беше така.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Но ти Лев, ти си така сам“, помисли тогаш, пливната со голем бран нежност, желна да го гушне.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Таа се наведна и покажувајќи му ја црвената шамија го гушна.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Кога Трајан го крена и го гушна, Маруш му рече: „Ете, внучко Трајане, го нема веќе Висара... Го нема веќе да го земаш и да го шеташ по езерото...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Рада не можеше да се воздржи и во цврста прегратка го гушна својот „лотосов цвет“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го гушнав и истрчав без зборови. А што друго требаше да сторам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ме гледа и како со умилен глас да ми вели: - Убаво ли е, сине, ми ти се допаѓа ли домчево, кажи што не ми ти достига, татенцето сѐ ќе стори за моето соколче, - чинам така ми вели татенцето и јас сѐ поблиску приоѓам кон него, божем ќе му се фрлам во прегратките, ќе го гушнам како роден татко, а тоа од страв му се доближувам да не ме запне од подалеку, да не ми го скине главчето, та без главче да останам.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Наеднаш скокна, го гушна татка си многу силно, ја бакна силно мајка си, се качи во собата и по десетина минути излета во дворот.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томето скокна од столицата, го гушна татка си, ја бакна мајка си и со Тина излетаа надвор како фурии.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога исчезна последното парче чоколада, мајка му го гушна детето во прегратка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мајка му го гушна малечкото и го притисна неговото лице на градите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во бунилото го гледаше татка си како влегува во одајата да го пречека да го гушне, но само за миг, и пак заминуваше, се губеше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Да го гушне...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дали детето ќе ѝ дозволи да го гушне?...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ако биде со него, насила ќе го грабне в раце, ќе го гушне...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Беа сликани минатото лето, на плажата во Охрид – тој клекнат, го гушнал Борјан, кој стои пред него, со главите во иста висина: Тато, која е разликата меѓу тебе таму и тука? – Не знам. – Па тој е закачен, а ти си откачен.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Дотрчав до неа, и го зедов од раце и го гушнав.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Стевчо и Иван облеани со безмерна радост стрчнаа внатре и го гушнаа телето, а над неговото чело капнаа солзи радосници.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Проверува дали сме ги измиле забите пред да го гушнеме, дали ни се чисти нозете или пак ќе го задушиме.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Таму в десно една мајка му ги брише солзите на синчето, го гушнува, го крева в раце, а тоа се зграпчило за неа како некое маче, ама веќе не плаче, усните на мама му се доближени до увцето и сигурно нешто убаво му шепнува, па се насмевнува и погледнува кон едно девојче кое се гушнало со своето маченце - и тоа, маченце - ќе стане прваче.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Ајде бабо, и мене ми е желба да го гушнам внукот!“ го гушна дедо Владимир.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Клекна и убаво го гушна, а додека тој одеше на кај својата куќичка од нејзините очи потекоа солзи.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)