го (зам.) - грицка (гл.)

Сега сите што читаат весници знаат дека некој си полжав од арапско потекло цели четири години бил мртов експонат во еден лондонски музеј, па кога случајно го испрскале со вода почнал да го грицка картончето на кое бил поставен.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кога се изгуби, кога се стопи црвеното топче во нејзината уста, таа почна да го грицка корнетот.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ане си го грицкаше лепчето во рака и се воздржуваше повторно да не заплаче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Како да имам мало отровно змиулче што шета низ моето срце и го грицка парче по парче.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Целото срце ми се распарчи додека читав по цели две страни од писмото како Ива го опишува нејзиното лето во Америка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сакав да проверам кај Живко дали и тој истото го забележал, но Живко беше зафатен со Предо: му објаснуваше дека ако лапнал дафинов лист, него сега желудникот му го дроби, како свилената бубачка што го грицка дудинковиот лист, и му треба (погледна во рачниот часовник) толку и толку време за да го сомеле целиот, а на Предо му останува само да седи и да пие кисела вода - се разбравме?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Интересно им стана: малу-малу и ѕирнуваа кон нас: вртеа со шиите, преминуваа со раката по носот, го грицкаа моливот и одвреме-навреме ги вртеа очите кон нас.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Војната на екранот изгледаше како video-game, дотолку повеќе што постојано се повторуваа истите вести. Couch- Рамнодушна кон војната во Ирак, си го сркав кафето и го грицкав шведското пециво.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)