го (зам.) - гризне (гл.)

Му дојде да залае, да викне - марш џукело хомосапиенска - да го гризне или барем да го преплаши.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Еден коњ, дали од студ, дали од глад, си ги беше изгризал градите, си беше направил дупка преку која си го гризнал срцето и го иззобал како смрзната пченка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Го зема јаболкото, се обидува да го гризне. Умира.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Тоа така добро го гризна, што засекогаш му остави длабока рана.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Земајќи парче од располовеното јаболко,таа го гризна, и предадена во прегратката на момчето, за прв пат го сети вкусот на хазардот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Јакв скока врз него, го гризнува за уво.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Многу пати кога ќе се приближеа до моето уво нејзините усни за да ми шепнат некоја тајна, со нејзиниот извезен шепот наидуваше и гризот за кого помислував дека остава и трага.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Токму во таквите моменти на шепотење ќе се случеше да ми го гризне увото и тоа на најчувстрвителното место.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Бреза почна да клоца со нозете, ме изгреба по раката, а се обиде и да го гризне татко ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Го влече Буза за рака низ селото и штом ќе сретне некого, ќе го гризне зајадливо: - Вам ви дојде редот. Доста беше со мене...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)