го (зам.) - гребе (гл.)

Наслушнувам „смрт“ и „семе“ во иста реченица, два збора чија близина вознемирува, а што сега го гребат грлото на човекот што ме создаде.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој ѝ го гребеше поработ на здолницата, телото му беше мрзливо истегнато, а жолтозелените очи му беа вперени во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сув каменов прав навлегува во дробовите и го гребе грлото.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Пред огнот, кој во оваа свежа летна ноќ зрачеше топлина, наредени околу софрата, не да го вечераа туку го кркаа, се натпреваруваа, го гребеа качамакот и планинците и луѓето од градот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Од што го мавнував, го гребев целото јадење уште пред другите да ме поканат, им бев како чума на масата.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Не зезај, дај цигара!“ Првиот дим ти го гребе грлото...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Се бранел со раце и со нозе и го кутнал со удар на тупаница по лице.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Ќе ве убијам, сите ќе ве убијам, станувал страв во стравот; паднал врз својата нејасна сенка да си го гребе лицето на смрекови корења; и пак отфрлил од себе двајца и грабнал од земја нечиј јатаган; се повлекувал исправен. - Ќе ве исколам ...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Градите болно го гребеа при секој земен здив.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Откако јастребот се наколва, пак му слета на рамото, закачувајќи ги повторно неосетно канџите во палтото на Еразмо кои го гребеа по кожата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Долгите нокти, подвиткани од преголемата должина, кога ќе се закачеше, ненамерно го гребеа по белата платнена долама, притоа создавајќи звук од кој човек се наежува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ние грабаме, се туркаме и грабаме. Црпиме, го гребиме тенеќето, го бришеме со прсти катранот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)