го (зам.) - грабнува (гл.)

Го грабнувам детето, Ѕвездана мој, и трчам по скали.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Внукот на Петра се протнува меѓу нозете на Чана и се слизнува натаму, надолу, следен од гласот на Чана која го предупредува да внимава на возот што се движи оти тоа се обидува да го дофати неподвижниот петел, и вагоните изврвуваат, го откриваат просторот натаму, Веселко го грабнува петелот, набрзина пак се протнува со сѐ петел меѓу нозете на Чана и се исправа крај неа исто така обземен од просторот што е пред нив.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Го грабнуваш детето и бегаш, немаш време за мислење и за жалење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го грабнуваа детето и бегаа со него низ прозорецот...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веднаш го грабнува едното бонбонче и го става в уста. Другото го зема Зоки.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- Карпа! - простенкува тој. Ја остава батериската ламба до себеси, го грабнува чеканот и зафаќа лудо да удира во каменот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зошто мора пепелникот да се празни на ѓубре кога може и вака. (Со раката го грабнува полниот пепелник. Го превртува врз масата.) Мора да се тера внатрешната слобода. (Пауза)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)