го (зам.) - гасне (гл.)

Во кое време го гаснат светлото во вашите станови?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А Митко е заклучен и не може да излезе, да види како ќе го гаснат пожарот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Го држеше челото на влажната трева и чувствуваше болка во очите, сува болка распрсната однатре. „Колку години имаш?“ ја праша додека земјината влага се впиваше во него и го гаснеше. „Осумнаесет“, му рече без злорадост и без виновност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кажи дека никој не спиел со тебе, и - кажи колку пожарникари го гаснеа твојот оган и - кажи, кажи, кажи...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Исплашени започнаа со стапови и вили да ја растргнуваат запалената слама, да го гаснат огнот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За среќа, француските морнари што од претходната ноќ беа кај нас ги грабнаа шмрковите... и почнаа да го гаснат пожарот од нашата страна.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се чувствуваше како со свои очи да го гледа ширењето на некаков пожар, кого немаше со што да го гасне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш се обидував да ја разгатнам омразата на мојата мајка, јас, која бев можеби нешто како дупка во која може да се фрли сопственото црнило, и помислував дека таа во мене го мразеше мојот татко, својот стар сопруг, постар и од нејзиниот татко, можеби со омразата кон мене го гаснеше својот копнеж да има маж на своја возраст уште пред тој копнеж да се распламти, можеби ме мразеше не самата таа туку онаа нејзина дамнешна болка, родена од присилата предвреме да ги прекине своите девојчински мечтаења, и да му се повинува молчејќум на стариот сопруг, да живее во сиромаштија и во таа беда да раѓа и израснува деца.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Носи уште, велам, ова ништо не го гасне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ветрот му го гасне чкорчето и тој ја запалува под шинела, под пазува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)