го (зам.) - втаса (гл.)

— Ами како го втаса ковчегот, мори орјатко? — продолжувзше со прашањето Доста да разбере и да го искористи и таа овој марифет, да ја научи и ќерка си Божана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Е, како го втаса! Me поткачуа мајка на столче и ми а вади горната шчица од ковчегот, — одговараше малата Рожденкина месарица.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Татко, веројатно, стигна до оваа точка на животот носен од крилјата на својата мајка која најголемиот дел од животот го мина на брегот од Езерото, во лет во место, сакајќи да го втаса семејното јато, одамна одлетано кон бреговите на Босфор, кон Измир и кон Анадолија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој не може да го втаса. Бос, се закопува в кал до глуждови.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
— Да ме земете в кола и да го втасаме возачот. Шофјорот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш видов еден човек што трча меѓу луѓето, сака да го втаса возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не можам да го втасам, повторно да застанам на него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Брго, брго, мајка му клала ѓумчето со ракија до огнот да се стопли, а Неда донесла големио стол, та го клала да седи Силјана; му собула опинците и му измила нозете и го променила со велигденцката руба.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан му бакна на татка си и на мајка си десница и проштење му сака за клетвата што го втаса.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Има и други места со такви стрелишта на кои се играат игри со слични вештини но овде не се цел глинени гулаби иако безнадежно се распрснува и овде но не глината туку човечкиот здив кога среде чекор ќе го втаса зрното.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
По патот го втасаа уште неколку непознати дрвари од горните села.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го минаа дрвото преку реката и го втасаа.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тукушто излезе од селото, го втаса селанецот Анѓеле.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Еден куршум беше го втасал.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)