го (зам.) - впие (гл.)

Она што сега ќе се случи, мора да е она најсветото -: она што го познавав и повлеков - како што творецот би го впил во себе својот свет.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Но насмевката и покрај сета љубезност, беше затскриена, тајновита, како да не се обраќаше кон светот пред него, туку кон оној што го впил внатре, во себе...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Легна на перницата на Виктор и посака да го впие неговиот мирис, но чудно, немаше возбуда која разгорува страст.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Отсекогаш се знае дека - ако го располовиш Битието по средина, ако настојуваш да го грабнеш ова, а да го оставиш на страна она, ако се држиш до доброто а го избегнуваш злото, ако заради едно се откажуваш од друго - замавот на злото, сега двојно повеќе кобен, ќе се сврти во спротивна насока, ќе го впие длабоко во себе и ќе го претвори во зло.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
II Ти идеме со векови од дедовци од предеди пред твојот лик сонцето што го впил и славејот и бранот и навевот на снеговите.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
За миг беше чувство дека телот на Инес е толку етерично што би можел да го впие во своето тело така што на крајот да остане со нејзината облека во рацете.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега слушај: ноќе ги отворав очите да те видам сета, да го впијам во себе целиот твој грев кој уште не постоеше.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го впи погледот во улицата и ги виде двете сенки. Беа бесшумни и далечни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Малку по него, не чекајќи доловите и тишината сосем да го впијат првиот грмеж, одекна втор. - Станува опасно! - трепна Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Стрико Благоја се потпре на вратата и го впи погледот во мракот, гол и нејасен како и неговите мисли.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го впивме тоа горчливо искуство на претците со мајчиното млеко, па го заборавивме – сакајќи да ѝ припаѓаме на новата Европа, заборавајќи дека Европа еден ден одново ќе ја сврти кон нас својата крволочна челуст; верувајќи во новата Европа ја заборавивме судбината на нашите блиски и далечни претци, заборавивме на крвта која им била пиена затоа што биле од инаква крв, ги заборавивме неброените судбини на понижуваните, лажно обвинуваните, прогонетите, мачените, усмртуваните, заборавени и од Бог и од ѓаволот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги заборавивме, ја заборавивме нивната крв; ние, крвта на нивната крв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)