го (зам.) - вперува (гл.)

Некој ми го вика името! (Погледнува кон Гаврил. Го вперува револверот кон него.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Елелица, плетелица, домазера, доказера, чиф, чиф, чигулки, мартин, дуптин, прескочи - ја пее броенката, па го вперува прстот во мене: - Сега, ти да ми раскажуваш!
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)