го (зам.) - впери (гл.)

Максим го вперува пиштолот натаму во прозорецот, но не стрела, чека.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во мракот ја наоѓа Циљка. –А ти, Циљка - со лутина го впери во неа прстот - три стражарења преку ред! Разбра!?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тогаш типот извлече женска шапка од џебот и ја стави на мојата глава.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Изгледа дека тоа го исплаши колку и нас - толку се збуни што му го даде пишто­лот на Патрик - а овој, како и секое дете на цвеќето, рече: „Мене ова не ми треба, човеку”, и му го врати револверот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Го впери револверот во Пол и го повлече орозот* - и ништо не се случи. (“Гледаш, помислив, сепак тој само се шегува”) Тогаш го впери револверот во плафонот, повлече и револверот пукна.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Рада повторно го впери погледот во зеленобадемастите очи, прекинувајќи ја Ивона во времеполовот од мисли.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Снеже прва го впери погледот во Рада која како случајно ѝ прати една дискретна насмевка на што следеше реакција на средовечната дама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа гледајќи дека не може да излезе, се собра, се накостреши и го впери погледот следејќи го секое негово движење.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Го впери и таа погледот низ прозорецот и одлута со мислите во бескрајното пространство.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Валери била збунета - не знаела дали да пука во него или не - затоа отишла и го повикала лифтот, а тогаш пак се вратила во аголот каде се наоѓал Фред и повторно го вперила пиштолот во него. 228 Margina #17-18 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Елеазар бен Цви одново го вперува погледот во историскиот филм што го проектира во себе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кај оградата стоеја двете жени а и бесрамникот Мирко Бундев кој во еден момент го впери и показалецот кон мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Шифрантот Иваз го впери погледот кон моето ливче и со строг израз на лицето ме праша: - Каде го запишувавте на ова ливче?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
- Сега сум јас со бели фигури, - му го впери прстот во градите на Живко, а Живко се издиша како гума без ѕивана.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Исмет го допи чајот. Ја помести чашата и го впери погледот во нас. Долго и замислено нѐ гледа...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Зборот предавник веднаш нѐ тераше да го впериме оружјето со прстот на скрапецот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
- го впери бастунот кон прозорецот изнакитен со снегулки.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Овој заклучок ми се наметна откако пред мене се појави нешто како сенка или туѓински војник кој ми го вперува орудието в гради.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Свртувајќи се кон мене, го впери прстот и рече: Ако има чувство треба да има и грижа на совест за ова нешто...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)