го (зам.) - воспостави (гл.)

Откако го воспоставија вообичаениот молк од поранешните средби, прв се огласи Чанга: – Идат тешки времиња, не се знае што носи новиот ден...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Како ова да го пишува човек кој, ако не успеал да го воспостави таквиот склад во секојдневниот живот, секако си го поставил во редот на своите вредности и се стремел да го оствари!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кон хуманизација на сетилата и нивната теоретска, а тоа ќе рече дистанцирана, „култивирана” димензија, припомага развојот на посебните предмети; слухот како теоретичар се потврдува и дополнува во музиката и со неа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Покрај слухот Hegel во своите Предавања за естетиката го воспоставува и видот како еминентно сетило-теоретичар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Симптом на иреверзибилната историја е и начинот како национал- социјализмот, ориентирајќи се со помош на тие поими, го воспостави своето владеење. 54 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Непосредно по примањето на таа информација, СОЕ веднаш се вклучила во акција да го воспостави и одржи контактот со силите кои давале отпор во Југославија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Често се мислело дека Леонардо во Leonardo Da Vinci, Сводна сликарија во тие “конструкции”, во тие творби што делумно кастелот Сфорза во Милано (детаљ) слободно се развиваат следејќи ја случајноста, okno.mk | Margina #26-28 [1995] 166 иако умот пресметано владее со нив, настојувал, со помош на апстрактноста, повторно да го воспостави единството на распаѓачкиот свет.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Постапката која ја спроведува посредникот е итна и затворена за јавноста, а на барање на страните, може да учествува и претставник на синдикатот во кој членува 78 Ваквата „превентивна“ законска обврска за писмено предупредување од страна на вознемиреното лице претставува непотребно оптоварување на работниците, бидејќи не може од вработените да се бара сами да го воспоставуваат работниот ред и дисциплина меѓу себе и спрема работодавачот, бидејќи тоа е надлежност и должност на работодавачот. 89 вработениот, односно претставник на вработените (чл. 23).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
„Мојата мајка тврдеше дека тој ѝ се доверувал дека во текот на целиот живот настојувал да го воспостави најдобриот распоред за читање на неговите книги, за тој, речиси на волшебен начин, да му ги открие сам од себе одговорите на загадочните прашања на егзистенцијата
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Дождот толку цврсто го воспостави својот авторитет што секое живо суштество остана во своето живеалиште.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Токму преку тие доминантни културни облици, дискурси и жанрови тој успева да си изреже себеси упадливо нестандардна положба на полето на родот и сексуалноста. ‌О’Хара си го претставува односот кон плакатскиот наслов како однос на помешани лековерност и скепса.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
О’Хара тука ја присвојува амбиенталната мелодраматичност на конвенционалниот новинарски дискурс – со неговите изнасилени наслови што привлекуваат внимание, со запенетата фасцинираност од животите на јавните личности и на ѕвездите и со возбуденото чувство на драматика што го внесува во известувањето за тековните настани во вестите – за да го воспостави сопствениот дисидентски однос кон главнотековните жанрови, дискурси и културни облици што ја дефинираат конвенционалната хетеросексуална мажественост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Песната излезе во неговата збирка Песни за ручек во 1964 година.369 Лана Тарнер паднала! поттрчнував и наеднаш ете заврна и заснежи а ти рече дека паѓал град но град те мава по глава силно, па затоа сепак снежеше и врнеше и толку ми се брзаше да се сретнеме, но сообраќајот беше баш ист ко небоно и одеднаш гледам наслов ЛАНА ТАРНЕР ПАДНАЛА! нема снег во Холивуд и нема дожд во Калифорнија на многу журови ме имало со поведение крајно срамно но не ми се случило да паднам о, Лана, те сакаме станувај.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога во тој филм Кристијан Слејтер и Винона Рајдер убиваат двајца играчи на американски фудбал во нивната гимназија, а убиството го местат да личи на двојно геј-самоубиство, геј-сексуалниот идентитет на жртвите им го воспоставуваат како непобитен со тоа што, заедно со лажната проштална порака, им подметнуваат и неколку очигледни „хомосексуални артефакти“, како што ги викаат – меѓу кои и маскара, шише кисела вода и, најзначајниот, „разгледница со Џоан Крафорд“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Зборувам за една песна од Френк О’Хара, геј-поет кој одигра средишна улога во формирањето на таканаречената њујоршка школа на поети, сликари и музичари.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Скаутите, кои што како свој слоган го воспоставиле be prepared (биди подготвен) имаа огранок во речиси секој поголем град на некогашната СФРЈ.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Тој, јазикот, го воспоставува интегритетот на прозата на Чинго, кој е, од една страна реалистичка, а од друга страна блиска на сферата на фантастичното.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Втората важна причина е она начело што како примарно во својата работа го воспостави уметничката група NSK: „Ретро концептот е темелна уметничка постапка, а се заснова врз принципот дека траумите од минатото што влијаат на сегашноста и иднината можат да се залечат само со враќање на почетните конфликти”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На 30 август 1982 година Арафат со своите трупи е принуден да го напушти Бејрут, окупиран од страна на Израелците.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во Тунис го воспоставува седиштето на ПЛО.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоталитарниот фанатизам на калифот Омар, покажан со запалувањето на драгоцените книги на Александриската библиотека, ќе го покажат и протагонистите на Римската Империја кои ќе го воспостават индексот на забранетите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како вистински и доследен идеалист, тој сосема го укина дуализмот меѓу битието и мислењето, и на свој мистички и идеалистички начин го воспостави нивниот полн идентитет: и материјата на објективниот свет Хегел ја претвори во развоен процес на „светскиот разум“, чиишто категории вечно се движат по законите на една посебна логика.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Таа е негова дејност и негово царство, коешто го воспоставува тој во својата сопствена сфера“, вели Хегел.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Беше јасно, од Игоровото кажување, дека крајната цел на сталинизмот со гигантскиот систем на жртвување што го воспостави со градбата на Беломорскиот канал - сакаше да го стигне евро - американскиот ритам на напредување.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
По анализата, извештајот на Еванс во Форин офис им бил отстапен на експертите од Јужниот оддел при Форин офис, кои биле задолжени за креирање на британската политика на Балканот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Британскиот амбасадор во Бугарија, Рендел, сметал дека е можно, одвреме-навреме, со "подмитување, на некои насилни елементи од Македонците, кои се против Михајлов" да се обезбеди нивно активно учество на британска страна.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За време на средбата било договорено дека треба да се воспостави контакт со Македонците од Скопје, Софија и од Солун и дека тој контакт би требало да го воспостави Д/ХГ7.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Основната причина за слободното манифестирање на македонските национални чувства во реонот на Лерин Еванс ги гледал, пред сè, во слабоста на Грчката влада и нејзината бавност да го воспостави авторитетот на државните органи во областа Лерин.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)