го (зам.) - вознемирува (гл.)

Ако воопшто имаше време да помисли на тоа, го вознемируваше фактот што секој збор што го изговара во говоропишувачот и секој потег на неговото пенкало беа намерна лага.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Изгледаше како заедно со новоговорните зборови се ослободил и од дел од официјалниот изглед, но изразот на неговото лице беше понамуртен од обично, како да не му е мило што го вознемируваат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но помислата дека е луд не го вознемируваше премногу: страшното беше дека тој можеби не е ни во право.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Повремено го вознемируваа лажни сеќавања.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, овојпат токму тие го вознемируваа со својата невидлива моќ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Вдаховено, без запирка зборуваше Арето и го вознемируваше пламенот од газиената ламба висната на таванот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во текот на целото тоа попладне присетувањето на неа силно го вознемируваше, но секој следен пат истовремено помислуваше дека тој не е момчак со среќа да има таква девојка.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пред да биде поведена постапка за заштита од вознемирување, предвидена е обврска работникот или друго лице ангажирано со договор кое смета дека е изложено на вознемирување на работното место, писмено да се обрати до лицето за кое смета дека го вознемирува и да му укаже на тоа дека неговото однесување е несоодветно, неприфатливо и несакано, а се со цел мирно решавање на спорната ситуација, без притоа лицето кое трпи вознемирување да бара законска заштита (чл. 17).78
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Всушност тој продолжи да зборува за тоа дека го вознемирува проблемот на ослободувањето? - Ослободувањето? - прашав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Мислиш смртта не е една?“ не престанува да го вознемирува дедо ти Куртиш ага.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Слушаше како ветерот постојано гребе со ветките од дрвото на прозорците, слушаше како некоја провисната ламарина постојано потропнува во дворот и тоа го вознемируваше, онеспокојуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)