го (зам.) - вознемири (гл.)

Никој не можеше да му пријде и да го вознемири.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Но тој немаше наумено да го напаѓа сега сам мудурот и јузбашијата, оти тоа сега не му требаше, но им порача по колџиите да не го вознемируваат и тие него, како тој што ве ќе га вознемирува нив.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште на вториот ден по Сефединовото излегување, Толе се преметна од запад на исток од Витолиште, и од Жиово му прати порака на мудурот: —' Еве сум во Жиово со сите мои арамии, и ако сакам вечер ќе ве испечам во конакот и кашлата, бидејќи Сефедин со аскерот не в тука.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Есента не задоцни. Дојде дождлива, студена.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но што е сега ова што го вознемирува и ненадејно враќа назад во минатото?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зар вредеше сега, во ова поспокојно време, да го вознемирува?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Постојаното завивање на ветерот почна да го вознемирува, одеднаш многу важни нешта изгубија од своето значење, момчето дури не сакаше ни да размислува за нив, се чувствуваше мрзелив и сонлив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нејзиното лаење уште повеќе го вознемири добитокот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Негативни искуства: може да предизвика несоница, кај сензитивните луѓе раздразливост, ждригање и да го вознемири стомакот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ништо не ќе го вознемири толку споменот како допирот со добата во која не се влегува повторно Плачот нема сенка. Патеката нема сенка.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Одненадеж потемне небото од чад што штипеше во очите, во грлото и што го вознемири дибитокот како спроти потоп та скокајќи, рикајќи се разбега низ полето.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Го положија на одарот во гостинската одаја и зашто добија заповед да не смеат да тажат, за да не го вознемират суланот запалија свеќи, ги склопија дланките и чекајќи го времето кога ќе си одат Турците од Потковицата, немо молеа за душата на покојникот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Да, во овој случај гневот ти е причина за поттикнатостана сомнежот, кој ти самиот го вознемири: се прашуваше дали ќе излеземе од бунарот; не веруваше, затоа јастребот го колваше јажето, со цел да предизвика опасност што доаѓа како пшоследица на работата на сомнежот- рече, исправајќи се, старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Не премногу горчлива, се надевам, зашто не би сакала да го вознемирам твоето љубопитно око...“
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Со гласноста на плачот, прво го вознемирил кучето од дворот, а потоа усмртил 500 кокошки.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Денес, тој е средовечен човек, уредно облечен, испеглан, намирисан, понекогаш ми се жали на несоница, особено кога пишува книга чија содржина го вознемирува.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сакавме само да ве подразниме, да го вознемириме вашиот сладок спокој, да фрлиме само камен во вашето блато, та луѓето што носат осетливи носови да го сетат лошиот мирис... само тоа. Што можеме ние друго?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некаков чуден хаос од нови мисли и чувствувања го вознемирува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Иако во одделот многумина ја познаваа, заради спокојството на Томо не и дозволија да го вознемирува.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Знаеш, тој е воено лице, па би можеле да го вознемират.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Долгото молчење го вознемири Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Откако добро размисли, тој најпосле реши да се занимава со градинарство, бидејќи од своето заминување од Запад во вдлабнатината на својата ушна школка носеше разновидни семиња.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сепак, го вознемири едно нешто.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Моето правило на играта беше крајно едноставно, беше убаво, глупаво и тиранско: ако некоја жена би ми се допаднала, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене, ако би ми се допаднала жената што седи наспроти мене крај прозорецот, ако нејзиниот одбледок на прозорецот го вкрстува погледот со мојот одблесок на прозорецот, ако мојата насмевка во прозорскиот одблесок го вознемирува или му причинува задоволство или му станува одбојна на оној женски одблесок врз прозорецот, ако Маргарита ме види како ѝ се насмевнувам на Ана а Ана ја наведнува главата за внимателно да може да го испита затворачот на својата црвена чанта, тогаш имаше игра и тогаш беше потполно сеедно дали насмевката ќе биде уважена или возвратена или занемарена, првиот став на обредот и не оди подалеку од тоа, од насмевката што ја лови оној што и ја заслужил.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
И кога небото ќе се ослободи од сонцето, попуштаат невидливите стеги, се рони питомата светлина на првите ѕвезди.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И веднаш те плени помислата за историјата во чудесната екстаза: зарем таа не постои да го вознемирува човека!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Промените го вознемируваат човека, велам јас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Стегна полека на рачката од портата, како да ја проверува или да се плаши некого да не го вознемири; ја задржа рачката в рака извесно време, а потоа ја пушти, потурна, но вратата не се отвори.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ваквата азијатска провокација го вознемирува раперот Легезин од Нигерија (стан бр. 3), којшто по вокација е противник на здравиот живот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Само помислата и сеќавањето беа доста наново да го вознемират.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се виде дека сака да каже нешто важно па Шишман тоа го вознемири и исто така се премести од едната нога на другата и камчето во неговиот џеб пак тропна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
1. Со еден жесток удар Пролетта го вознемири полето И на молитва го крена.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Посака да го праша и за костумот, но се исплаши дека ќе го вознемири.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Значи мојата мисла патува до него и веројатно го вознемирува бидејќи наеднаш ѓаволчето го снема; се скрило кутрото во глушечка дупка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Звук на будилникот. Пладне.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Музичарот, пак, гледајќи го низ ѕидот, уште еднаш помисли дека светот е во кафез(и), но тоа, вообичаено, не го вознемири.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
За про'ртувањата што го вознемируваат постоењето и ги мешаат намерите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам дали го вознемири моето однесување господинот Иван Степанович, но тогаш првпат пред мене лично спомна дека отсекогаш имал симпатии кон својот стар соборец и пријател Семјон Иванович, дека му помагал, колку што можел, и дека, еве, на крајов, го ослободил од оние камати во врска со оној заем за фордот што реално гледано тој му ги должи а сепак не бара да му се платат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од твојот замрежен поглед се уште блескаше студениот оган на козачките сабји и истрчуваа како од најдлабока пештера брзи коњи водени од уздата на степскиот ветер заскитан дури од пенливиот Терек*
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се разбира, она, за мевот на животното, мајсторот го рекол, онака, на шега, не со намера да го вознемири.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
За годишницата од смртта на Козакот Семјон Иванович Јацун Доаѓаше во кафеаната од зад аголот без да ја забележиш престарената кајсија на широчинката која понекогаш и наесен се дрзнуваше да процути Дури и да му се насмевнеше чудесниот свет во нејзината крошна немаше да го вознемири Птиците само својата тага ја пеат но не и тагата на туѓинците Птиците што преплашени бегат пред секој шумен облак
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„И најпосле“, додаде, „очекуваме и негова подршка на нашето заедничко дело.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А отспроти од зад крваво ранетата душа на степата извираше црвениот железен порој И татнеше татнеше во зорите на потопот (И сѐ уште татнеа копитата неуморни иако одамна патот им истече) Брзаше да умреш еднаш или ако е можно повеќепати
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Влатко, те молам, слези до продавница“, - го вознемири молбен глас на мајка му и безволно ги прифати паричникот и торбата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во манастирот влегуваа по групи, тивко и внимателно, ко божем да не ја раскинат тишината, да не го вознемират пламенчето што гореше во кандилото пред олтарот.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)