го (зам.) - возбудува (гл.)

Го возбудува тоа тутунарот и чаршијузлијата. Таа се јави како во нарочно избран час.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во нејзините толку убави и толку сини очи сликарот го виде и го осети собрано и згаснато сето она што овде го возбудуваше и сладосно го измачуваше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во тие моменти Аргир не беше за него ни лош, ни намќор - а само мајстор, голем, прочуен мајстор, којшто го возбудуваше со секое свое движење, со секој поглед, со секоја соѕидана тула.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но него најмногу го возбудуваше можното постоење на лавиринтот во полифоното четворогласно пеење, кое било забележано само кај неговиот албански народ на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имаше нешто во перчењето на петелот и во неговото матадорско држење, што го возбудуваше Милан.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Намерата што си ја имаше врзано во крпче просто го возбудуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Го заплеткуваат овие луѓе, лукаво го демнат, го заплашуваат, го возбудуваат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се присетуваше за скапи и мили нешта и тоа го разнежнуваше и го возбудуваше.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Старецот вистински беше радосен: Жетвата во планината на чуден начин го возбудуваше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А покојников ти тежи зашто не живееше со татко ти.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор Мечкојад почувствувал дека сите се сложуваат со другиот Онисифор, дека нечија крв крева ѕид помеѓу нив. Но тоа не го возбудувало.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Или, сеќавањето на тоа е она што него го возбудувало!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Или го возбудуваше помислата дека патувам за Франција.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)