го (зам.) - возбуди (гл.)

Тоа го возбудува, мислите за момент му се мешаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Во извесни моменти нему му се чинеше дека езерото со небото, со градот и селата, со планините и ридјето - дека сето тоа е слеано во едно цело, кое го возбудува и му го запира здивот во градите силно како поезија, музика, љубов... невозможно да се изрази и да се искаже само со одделните, определени бои и контури, што трепереа во просторот пред него...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Господине Томо, зар вие не знаете, зар досега не сте разбрале! - неодредениот одговор дополнително го возбуди.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Работи кои е подобро да не ги знаеш што навистина мислат другите за тебе; како се произведува (детска) паштета; како изгледа твојот стомак, од внатре; што сè го возбудува твојот партнер; каков е, како човек, твојот омилен писател; кој се крие зад никот на оној што ти остава злобни коментари; дали ако уплатеше ќе се паднеа баш тие бројки; што ти мислам..; кој е убиецот, на почетокот од филмот; колку ќе ти доцни хонорарот; што се случува зад сцената во театар; како котираш во еволутивни рамки; на што сè се подготвени некои твои блиски луѓе; кога и од што ќе умреш; што би било кога би било. дали сево ова има некаква смисла.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Всушност, се жалеше (како што само тој знае да се служи со зборовите), дека забележал дека неговите сетила се целосно мртви, дека веќе и чудата не го возбудуваат, оти отрпнал на невозможното, кое во циркусот го имало премногу; дошол до ситуација, велеше, чудата да му станат секојдневие, и посакал да се врати од малото небо (веројатно мислеше на циркускиот шатор), под големото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Смислата на зборовите не проникнува во неговата свест, тој се вовлекува и се опива само од звучниот хаос на римите што го возбудуваат и го обземаат целото негово суштество и, заборавен, восхитен, растопен во еден необичен свет на чувства, разбранувани во неговата душа, тој го слуша сопствениот глас како трепери, се подигнува и звучно се разлева.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тие го возбудуваат и сладосно му ја запленуваат душата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нагонска жедност да остане, да се спаси, сѐ повеќе го возбудува, полнејќи ја неговата свест со плашење не сосема одредено, желба да го разбие заговорот сам, сам да ја забоде камата во утробата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Не ни е потребен ни нашиот, ни вашиот! - рече Арсо и изгледа тоа го возбуди та на образите му се појави бледа розовина.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
... Откако Бандо ја соѕида куќата што му ја сруши езерото, пак почнаа да го возбудуваат и да го мачат лоши соништа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
САРА: Господин Сивиќ е доволно стар да видел гола жена и не верувам дека би го возбудила женска цицка. Посебно не мојава.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Ништо особено. Зошто? - Имаше немирен сон. Нешто како да го возбудило.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Земаше лозови и се смируваше малку до вечерта до легнувањето, но пак започнуваше нешто да му ја разбранува душата, да го поткрева, да го возбудува, да не може да спие, и пак излегуваше да шета, да гледа во ѕвездите, да ја чека нестрпливо зората, идењето на весниците.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)