го (зам.) - вовлече (гл.)

Еден ден Били однекаде ископа грамофон.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој имаше голема колекција оперски плочи, мислам дека Ондин го вовлече во тоа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Били беше одговорен и за среброто во Фектори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Откако стави ново цигаре во килибарното чибуче и добро го вовлече димот, со цврстина во гласот, продолжи: - Земи нѐ, сине, на пример, нас, среде народите на Балканот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Еднаш во сто години“, Борини одлучно повтори.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Уште еднаш реторичкиот испад го вовлече Фаерабенд во тешкотија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ова мало суштество што до пред десетина минути не постоеше, му ги одвлече мислите од секојдневноста, го вовлече во оној чуден, магловит свет на слики и претстави што можат да се создадат само во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Името да не им се чуе, - рече дедо Иван и го вовлече својот гостин во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакаше да се сочува оние двајца да не го вовлечат и него во онаа своја каша, што ги обземаше сега целите, се мачеше да изнајде нешто, со што би го одвратил тоа од нив, но за сето време продолжуваше само да молчи во миризливата топлина на ложниците околу своето тело и на лицето и за сето време продолжувајќи јасно да сеќава како оние тонат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имав некаква скриена стратегија да го вовлечам Махмуд Дарвиш во темата што постојано ми беше блиска, но немав храброст да ја започнам: неговите односи со Јасер Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ни остануваше дел од попладнето во чудесниот пејзаж.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ване инстинктивно се поттргна и почувствува како кожата му се наежува по целата снага, не од студенилото на пивото ни од свежината на ноќта, туку од помислата дека ќе треба да сподели некоја тајна, која којзнае во што можеше да го вовлече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Наскоро најдов и едно тајно ќоше со малото ѕитче на кое можев да седам и да гледам поголемо ѕитче врз кое се потпишале другите пациенти што го откриле ова скришно место: Дуле, Мери, Марко.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Неговата не успеав да ја видам затоа што многу бргу го вовлекоа во собата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)