го (зам.) - владее (гл.)

Првин поранешниот министер во владата, врз малцинска основа, Мустафа С., му рече дискретно на Татко: Ме повика водачот на Републиката, пред некој ден, да ме праша дали познавам некого кој го владее старото турско писмо, арапската османица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко беше тивок, стрплив, методичен, но тешко успеваше да го преточи своето знаење на македонски јазик, којшто не го владееше толку добро.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Авторот на книгата, писателот и историчар Леон Каин (1841-1900), професор на Сорбона и конзерватор на големата библиотека во Париз Мазарин, во 1899 година го запознал младиот албански полиграф и полиглот Фаик Бег Коница (тогаш 23-годишен), со завршени филолошки студии во Франција, кој совршено го владеел стариот и новиот француски јазик, потоа неколку балкански и европски јазици, старотурски и новотурски, санскрит и други јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Токму за ова жири го препорачав и беше примен Луан Старова во кого што открив дипломат ерудит, кој го владее совршено нашиот јазик.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Германскиот јазик не го владеев воопшто за да можам, шпионски, да придонесам во истребувањето на малите народи.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Другиот не се изненади затоа што знаеше дека соговорникот го владее добро англискиот јазик.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Најдобри објаснувања за виртуалната стварност може да ни даде секако Jaron Lanier, wiz- ard (хакерски термин за некој што го владее подрачјето до најмал детаљ), пронаоѓач и водечка личност во VPL Research Inc. претпријатието, коешто прво го создаде комерцијалниот модел на ВР и со тоа ја приближи на широкиот круг на корисници.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Значењето на оваа синтагма излегуваше од турскиот јазик кој тогаш го владеев со малкуте зборови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како речиси и секој американски дипломат совршено го владееше јазикот на земјата на служењето, имаше речиси картезијански однос кон дипломатската мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пораката на сите била јасна: тој што го владее Калето, има власт и над душата на градот, имал отворен пат кон северните и кон јужните долини, кон морето...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Го владееја, а го криеја од нас... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)