го (зам.) - вели (гл.)

Маса гладни деца ми го велат тоа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мани го онака будалата, си велам и зборовите ми звучат како тој мене да ми го вели тоа што јас нему му го велам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мозочето мое кутро, кое си го замислував како обарен карфиол на кој топлината му ги уништила сите витамини и хранливи состојки, беше оптоварено од ништо друго, туку од непотребно (но тоа сега го велам) непрестајно, и на крајот на краиштата, бескорисно (кое токму такво се покажа) проследување на настанатите, па дури и на ненастанатите, туку потенцијално претстоечки ситуации во мојот живот.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Нико возеше и тоа е она што јас го велам: искуство.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Неколку дена подоцна отидовме со изнајмено комбе во Ен Арбор.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа јас го велам... пред сите.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Да! Ти си идиот! Ти си формален идиот! Пред сите ти го велам тоа!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Зошто го велам тоа? Да ѕирнеме низ меѓичката (!?), уважувајќи го ефектот на ретроспективна дисторзија: „ти си ми како дел од телото, како раката”, зборуваше таа исчезната хероина во набабрените - можеби би згрешиле ако кажеме: облаци; мевови („вреќи на зборови”, како што би рекле одредени африкански врачеви*) под таа оцртана површина.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А тоа го велам за да ви наприпомнам: помагајте му и бидете внимателни спрема него.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Трајко стана и почна да се правда: — Аир ефендум, шо е тој лав шо ми го велиш?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толку години, ете, сме заедно; сме си поминале како господ што рекол, аир.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ќе го стора сето шо ми го велиш, ако е за вајда.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ова што го велам е за да објаснам што во булоњската шума ме стрефи малечок напад.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Исцело ќе посакаме да возвратиме: меѓу сите тие привидно негативни и апстрактни тврдења тешко е да се разлачи една политика, морал или право.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, доколку вашето прашање подразбира дали она што го велам е норматив во вообичаената смисла, тогаш ми е потешко да одгово­рам.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тоа значи раскош, а ние често го велиме тогаш кога нешто е непотребно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Ти, ти зборуваш како јас да го велам тоа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Кој го вели тоа? - Жан – Пол Сартр! - Тој е западен декадент! - Беше и остана комунист.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А потоа, многу ми се допадна начинот на кој ми пријде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имам речено исто така дека многу посакував и мене да ме снајде несреќа и да проживеам онолку несреќен живот колку што Таша има проживеано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тврди дека ја има и сликата што ќе ми ја открие тајната по која толку долго трагам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Особено не сега, кога веќе сериозно размислувам дека наскоро ќе треба да заминам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, чудна шега на оној што ми шепотеше во увото?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, тоа беа размислите што ми идеа пред да навратат момчињата од милицијата што веќе ги спомнав. А доаѓаа неколкупати.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со една мала забелешка: бев свесен дека не смеам да се залажувам со површниот заклучок дека станувало збор за знак или најава преку која некоја непозната сила се обидува да ми ја подотвори вратата на шпекулациите овозможувајќи му на она што еднаш веќе протекло повторно да се врати и да ми се придружи...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Еве, и тоа го велам а можам и да додадам дека ако не живееше горе, дури под Сина Скала, сосема сама и издвоена од луѓето, јас ќе најдев начин да ги совладам нашите недоразбирања и да ѝ се приближам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога го велам ова всушност мислам само на негова несигурност сврзана со потрагата по таткото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто го велам ова? Токму затоа зашто таа тромеѓа воопшто не постои.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ќе ти кажам и што се случи со мене откако заврши бурата: поостарев, станав повозрасен во разбирањето на нештата, а истовремено помислив дека на мојата кожа, (ова го велам најодговорно) животот запиша уште едно правило што го заслужува нашето внимание.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(Ова го велам преносно. Веројатно имате слушнато дека радоста лета)“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова го велам бидејќи не сакам да се помисли дека се обидувам да промовирам некое друго лице што ќе биде спремно да ги презема на себе и моите одговорности.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Досега барем на сто места имам кажано дека нема зошто да се сожалуваме над судбината на таа Таша под Сина Скала. (Да се разбереме, ова го велев и додека беше жива).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Често имам помислувано дека во нејзината куќа, во планината можеле да наминат волци; можеле и разбојници да се втурнат; но во времето на војната можел да намине само понекој херој за да си ја згрее смрзнатата снага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И на мене ми се има доверувано дека се чувствува заскитан.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А колку ќе можат да ти помогнат за да се излекуваш остави ги самите да ти предложат ако се сетат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
О, јас најдобро знам колку сеќавањата умеат да не измамат! ) Тоа утро покрај Пребег ме заскокотка отвореноста со која Иван застапуваше некои од своите сознанија и претпоставки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или му дошло некако на ум дека тоа е најкраткиот пат до утехата, па побрза да ми ја соопшти оваа новина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа посета на Даскалов никогаш не ја заборавив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто го велам ова? Бидејќи никогаш не зажалив поради одлуката што ја донесов кога го прифатив неговиот предлог да тргнам со него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или тој Боге од Бањи измислува? Зар сѐ ова што го вели е лага?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем и да ме замолите по минутка-две да ви го повторам до збор ова што го велам во овој момент, не верувам дека ќе ви ја исполнам желбата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ми дојде помислата дека правам споредби што можат и да ме разболат си го реков она што пред тоа со години си го велев: запознај ги првин пријателите, и тоа поодблизу, а дури потоа додевај им со болките што те измачуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вели: „Кога ќе ја видиш сликата ќе откриеш кој си“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таа суровица, човек кој имаше само тело, се подбиваше со мене: „Како го велиш ти тоа, во една песна – умножение, а?“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И тука се работи за комплексна игра на идентитетот и на различноста, осцилирачка иронична двојност – истиот оној вид на иронична двојност што му е суштинска на камп-сензибилитетот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И покрај она што во тоа време го велеа некои завидливи души, не барав слава и немав никаква желба да привлекувам внимание.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ниту во еден миг не претпоставувам дека нивниот однос кон филмот е суден да биде и да си остане однос на неквалификувана ревност, на некритичка, буквална идентификација и гледање во огледало, небаре не се способни да внесат во филмот сопствен камп-сензибилитет.301 Она што го велам е просто дека нивниот однос кон филмот не е нужно, неминовно ироничен; понатаму, филмот силно им ја поттикнува неироничната идентификација.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оваа истовремена коинцидентност на страсната внесеност и на отуѓената збунетост, толку типична за машката геј-култура, е она што ја структурира реакцијата на геј-мажите кон сценава. ‌Се разбира, немам намера да имплицирам дека не може и жените да имаат иронична и оддалечена перспектива кон Милдред Пирс.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога велам дека не сум мистичар, пред сѐ не еврејски, како што Хабермас тврди на едно место, не го велам тоа за да се осигурам, туку едноставно затоа што тоа е така.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ако вие модерното го дефинирате како фрагментарно, фрагментирано, експлодирано, растворено, значи како руина на тоталитетот, тогаш она што го велам јас воопшто не е модерно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тоа што го велам овде е прилично грубо и сомрачно - би требало, се разбира, однесувањето да биде поаналитично, но овде тоа е претешко.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Тие носат ’револуционерен жиг’ или, како што тоа денес го велиме, тие се анархисти.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- Тетко Рајно, ти тоа за учителката Вера само така го велиш или навистина е?
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сте заборавиле оти човекот е „високо организирана материја“; тоа го рекоа учените, философите, тоа го велам и јас.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да, токму тоа им го велам.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да,“ се насмевна Клара, „тоа е најчестиот збор на доктор Гете – глупости.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ние можеме да го велиме како што сакаме, но во дејствителност тоа беше само частично.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Најнапред треба да се рече дека не е вистина тоа што го велат оти сега не му било времето да се подига прашањето за народноста на Македонците.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, сепак го потврдуваат она што Чехов го велел после завршувањето на секој свој расказ - денес заработив уште толку и толку копејки или она што го рекол составувачот на англискиот речник, Самјуел Џонсон, „само будалите пишуваат без хонорар“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
„Тоа и сега го велам”, им рече тој, „ако имаше држава, зарем ќе ме пуштеа жив...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И меѓу другото, луѓето си го велеа тоа сосема слободно, никаква стража не ги одведуваше, па и воопшто, никаква стража немаше, не сметајќи ги тајните агенти.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Нашиот крал е недостатно облечен, тој, може да се рече, воопшто не е облечен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
По патот и стретил еден богат чоек и 'и прашал шчо носат жив чоек на носило?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Си го закопале и му остајле една дуока, за да дишит, дури да доела умирачката и да му ја земит душата, као што си мислел тој.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Слушај вамо ти, метло сестро - је рекол - сега откога ќе си одам в чаршија јас, ќе станиш ти и ќе ја сметиш куќата, дворот и ќе суредиш с¯ што паднало наземи; ќе месиш леб; ќе зготвиш вечера и коа ќе си дојдам да биди готоо; слушај вамо, метло моја, мила сестро, тако ми таткоа душа, ти се колнам, ако готоо не го сториш ова што ти го велам, да знаиш оти страшен ќотек ќе ти удрам; ем знаиш како ќе те тепам?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Плукни на тоа што го велиш, страв да не умреш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Тоа ти го велиш, атентаторе мој? Не си ја свршил ти сета работа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И додека го велеше тоа, рацете му нуркаа во џебовите на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
„Ги казнувате дрските?“ И додава: „Потребно е да свикнете со можноста робот да си го побара она што сте му го одзеле. Тоа го велите дрзост?“
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Допри го црвчето со жарче, ќе се свитка. Тоа го велиш е страв?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Сигурно не си најарниот тука... - Не го велам тоа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Ако сите го велат тоа, тогаш тоа е токму така.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ми го вели тоа Неделко Сивески и влегува во нивата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа па тоа, го вели, го повторува, а мене ништо не ме прашува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тоа го велам јас, Џо од Оклахома, единакот на Бен Џонсон, тоа го валам јас.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но ти го знаеш тоа најдобро, тоа што ти го велам, што си го велам. Тоа е токму така.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А кога го велам едното и другото, тоа нема никакво значење освен потсмев и презир кон тие лигавци, додворувачи со мувлосан локум меѓу нозете.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тебе сè ти е јасно, но не сакаш да си го признаеш тоа пред себеси.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Дали знаете кому му го велите тоа, дали ви е јасно кој е пред вас?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Притоа тој тупна со ногата кревајќи го гласот до толку висока нота, што дури и да бил некој друг на местото на Акакиј Акакиевич, би се исплашил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
– Не заборавај дека јас знам да се однесувам со коњот. – Добро, – реков јас. – Како што знаеш ти, знам и јас. – За љубов на твојата сигурност, да се надевам дека е така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Според она што го знаеја сите, ние сè уште бевме во старата земја каде што, барем според она што го велеа нашите соседи, припаѓавме.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да, само за еден дел од неговиот живот, за оној што јас го познавав, и тоа не го велам без причина, - претпоставувам дека тој отсекогаш не бил толку сам, толку проклето сам, каков што го запознавме во домот.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Речи ми го она кое јас го велам за тебе...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ова, впрочем, го велат авторитетни турколози кои ги проучувале турцизмите во нашите јазици, а нив ги има многу на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ете што излезе затоа што им верувавме. Јас го велев тоа за сето време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
21. МОРЕТО ГО ПРЕПЛИВА, НО ТОНЕ ВО БАРА - тоа непливачот за пливач го вели зашто по рацете вакцини му се жарат со болест да му ги лечат болните цели...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Тогаш прв пат сфатив колку е точно она што го велат некои луѓе, дека полесно е и да се прими страшна вест за смрт на близок, одошто со денови таква вест да се исчекува.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Му го велам тоа, а знам дека нему не му требаат зборови.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
„Крвта не била вода“ — си рече тој. — „Имало право старите што го велеле тоа“.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако пак е дојден тој слепиот саат, шо велат, јас од него не бегам; токо, пак воа го вела овде, пред вас, како пред свои родители: шо имаме да си кажеме напред, да не речеме утре, ни он, ни јас, оти сме се излагале.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„Ајде боже, поможи", ми рече тој, тргна од пагурчето и го пробуцка лулето што беше се угасило дури го слушаше Ристета, па му вели: — А бре, така си е, Ристе сето шо го велиш, токо кога ќе заслепее човек, нишчо не му се гледа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нека ми е уѓе: на таква глава таков брич, што го вели тој збор татко, ем ак има што го вели, чунки сѐ што ме учеше и ми велеше, сѐ по глава ме удри.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Додека го вели ова неговите очи се посветли и веќе не замижуваат. Или само ми се причинува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не сум сигурен колку можам да ги сфатам а камоли да ги прифатам ваквите размислувања! Тоа и му го велам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не, не ви го велам ова јас! повторно им се обрати на своите колеги професорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Навистина верувам во она што го велам - храбро ми се спротивставува Борко.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Зошто го велиш сево ова?“ се наднесе докторот прашално.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Чувствувам дека ако повторно се вратам по патот градот ќе биде исчезнат, луѓето сѐ уште неродени, нештата изменети, дворците неизделкани во каменот, стеблата непресечени од шумите; не прашувај од каде го знам тоа, пустелијата знае, и ми го вели.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Не слушна? - му реплицираше Чауле - ми забранија да разговарам со мртви.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зошто го велам ова? Бидејќи моќникот е своевидна личност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А можев и сето ова што сега го велам да го турнам во бунарот на заборавот и да сметам дека не било допрено ни од здивот на стварноста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа ноќ, во понеделникот, Дуда ја оставив сама во “Зора”.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- На Господ му го велиш ова или на мене?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Само затоа зашто ти избегнуваш тоа да го речеш – одговори, а потоа ѝ го слушнав и смеењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Од инает го велиш ова – ми забележа Дуда. – Сешто говориш од инает.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- А зошто ми го велиш тоа? – ја прашав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ми се пристори како да ме сожалува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој владее и со можноста преку неконтролирано однесување да го стимулира незадоволството кај потчинетиот, а потоа користејќи ја својата власт да го казни непромисленото и неприлично однесување на потчинетиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Штом тоа го велиш ти, јас верувам дека е среќа, - му се оџвари Нумо.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ете, тоа го велам јас, лудиот Пандо - гробарот, како што ме викаат...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога ти го велам ова", се насмевна дедо ти, "кога ти го велам ова се прашувам и самиот дали нешто затреперува во билките додека го слушаат буфтањето на кофата што се фрла од камен на камен, по бунарскиот ѕид, додека паѓа во водата?".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве ова за првпат ти го велам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Знам, ќе се изненадиш, оти и јас сркав од истата таква чинија, не знаев што да сторам, како да постапам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ќе дојде таков ден и за тебе, ова ти го велам најсериозно.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А може и ништо нема да ви рече.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Извини, сè ова што сега го велиш и што ќе го кажеш и другпат во врска со таа побуна на жените, можеби е и точно; можеби твојата Партија умеела да го искористува народниот гнев и тоа во полза на народот, но не смееш да го одречеш и тоа, дека нигде не е запишан ќотекот што таа иста вечер го изела Рајна.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Како ли се чувствуваат оние кои засекогаш ќе ја загубат надежта?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Богами не е шега ова што досега ти го велев.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Кога го велам ова мислам дека нејзе ѝ одеа на рака повеќе околности.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ова го велам на почетоков за да те натерам најпрвин да ме сослушаш а потоа да се повикуваш на моите температури.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Гледај ја, те молам, дури и тоа го смислила. Дека не била изненадена! И тоа мене ми го вели.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Не, немаш право. Не смееш така да мислиш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве, ова ти го велам од свое лично искуство.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зар не се случуваше да се втурне кај нас и да почне некоја чудна игра.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако е точно тоа што го велиш, значи Евреите знаеле дека нема веќе да се вратат! Дека патот за назад им е пресечен!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Ова го велиш веројатно од завист!“, се обидов да му се спротивставам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само ќе ги поткрене рамињата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Полесно му беше да се онеспособи...“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Пред сѐ отвореното, наметливо и дрско однесување на натрапничкава.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Добро, ова го велам бидејќи навистина ја познавав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Вие може да верувате дека знаете, но јас тврдам дека и мојот професор од Виена ќе ви го речеше ова што ви го велам јас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од дома ја зеле, од постела, и ја пикнале во најтемната дупка на занданата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Го велам очекуваното: ниту е импозантно ниту е занемарливо.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
- Но штом го вели тоа Дедо Мраз, така е. – дополни старешината.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„И јас читав, Нина, ама таму не пишува дека располага и со богата библиотека, тоа ти го велам од лично искуство.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Чувајте се, јас ви го велам ова, зашто јас го видов и го правев тоа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сите постари го минале тоа, кај сите се појавувале истите чувства, и сите „шашавеле“ како што тоа го вели поетот Антиќ.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- Татко ти тоа го вели на шега, а употребувајќи ги тие изрази сака да каже дека јас сум некаков борец за правата на жените за ослободување и менување на нивниот, со векови непроменет, живот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Се разбира, тоа е тешко да се формулира и затоа нон-стоп подвлекувам дека секој збор што ви го велам е глупав и погрешен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Бре! И тоа го велиш! А, си чул ли, ако не го знаеш добро коранот, ќе ти дадат свилен гајтан сам да си пресудиш?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ама умрениов човек е наш и на нашиот господ, со душа и срце е наш, тоа ви го велиме сите ние овде собрани.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Молев да ми го остават, нели и шеријата тоа го вели?
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Да, рече, вистина е тоа што го вели, а луѓето се слепи за таквата вистина и за фините знаци на природата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Дубровчанецот ги собираше рамењата: „Појди. Но колку да видиш дека е вистина ова што ти го велам.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сега си лута, зашто сметаш дека сум те навредила и, за да ми се одмаздиш го велиш тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Разговорот го прекинува мајка ѝ.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А, тебе ти е потребен за да ставиш врз себе некое килце, инаку ветрот ќе те дувне – си мислам, но не ѝ го велам тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не е ли така?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се чудите зошто ви го велам тоа? Не е за чудење. Не чудете се. Причината е многу проста.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Не знам што размислуваше Билјана. Ми се чини дека не ми верува во тоа што ѝ го велам.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)