го (зам.) - везе (гл.)

Го везе името Душан, молчи и славеи слуша.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Тоа беше радоста што ја предизвика таа осамена капка, што настануваше некаде во стреата, близу оџакот, се откинуваше од снегот и паѓајќи удираше во некој предмет што ѝ помагаше да го везе своето „так, так“ и да ја мрешка тишината на сопчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
„Господи, колку бев среќна на крајот од учебната година, од тоа трето одделение.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Бев облечена во прекрасно везено фустанче. Ми го везеше и ми го шиеше мајка ми. Со народен вез.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Јас бев интернирана, го везев знамето на Гоце. Се враќав од интернација.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ќе ја кажам накусо содржината: Имав двајца браќа, едниот, Јордан, отиде во партизани, а потоа и другиот се подготвуваше да оди.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
- Чинам го везе бога... - Бога? Како бога?! Сигурно Исуса Христа... - Не Исуса, туку бога... - ѝ велеше Богуле...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Рошна понатаму во ковчеџето и го најде гобленот што го везеше Илко: го оддипли и почна да го разгледува.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Обично седеше затворен во одајата и го везеше гобленот. Ако некој влезеше кај него, го криеше гобленот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Убавото време го влечеше и Илко од одајата и почесто седи на чардакот и го вези гобленот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)