го (зам.) - вдише (гл.)

Не задоволувајќи се со тоа, копнеел за нешто што ниту можел да го јаде, ниту да го пие, туку да го вдишува, нешто за што би имал многу посилна желба отколку потребата за храна.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И низ сета таа виулица од луѓе, погледи, разговори, чувства, емоции, постои пукнатина каде се слива целиот тој хаос и останува душата ослободена од гревовите, а сетилата го чекаат новото раѓање за да го вдишат животот со целата своја енергија.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со насмевка и нежности, ин сано сензу, правевме долг список на ветувања.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Тој говор човек го носи во себе како предлитерарна свест - тој го асимилира во детството, - не го учи туку го впива и го вдишува, така што ништо не може да го надомести тој период на создавањето првите свесни впечатоци кои се, едновремено, и суштина на содржината но и феномен од јазичен крактер.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но, кога се живее и се работи во него, малку е поинаква состојбата, веројатно затоа што човек се втопува во секојдневното сивило на овој град и станува една незабележителна честичка на неговото цело и затоа што со сите парижани го вдишува загадениот воздух, кој се испарува од трите милиони коли.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разбира, за да го избегнат самоубиството, мора да знаат кога да запрат. A coups tires, “со премногу извиени вратови”, го поистоветува инцестот со асфиксијата и со Дишановиот план произлезен од изразот couper le gay: “да се прекине доводот на плин”: да се создаде општество во кое единката мора да плати за воздухот што го вдишува (мерење на воздухот; пакување на воздухот и разреден воздух); во случај плаќањето да не се извршува редовно, се оди кон едно­ставно задушување, ако е неопходно (да се прекине доводот на воздух).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)