го (зам.) - буцка (гл.)

И додека полека се отвора ризницата на портокалите исечени врз сртот на планината и додека го вадиме првото неочекувано ковче од мекото месо од телото на рибата, сега веќе во нашето тело едно ненамерно - намерно подбуцнување со зелено стапче мало ситно ништожно, го буцка нежното тело на вжарениот трупец и тој од покос се отвора пред нас со величествената светлина и топлина од неговата утроба, паѓа.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Тој имаше обичај, кога сакаше да ја покаже својата приврзаност, со својата брада да ѝ го буцка грлото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)