го (зам.) - брцне (гл.)

Се чинеше дека птицата не е свесна за нејзината близина и продолжи да трепери пиејќи од чашката на цвеќето и, пред да го брцне клунот во друга чашка, паузира неколку секунди во воздухот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Стариот Јосиф го зеде детето од рацете на возбудената Амдие и со него трипати се заврте околу купелот, пред да го брцне рулчето во водата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Проедросот сечеше брзо и вешто, ја префаќаше фашата, му ја туткаше на Шишмана в раце и пак го подметнуваше ножот, подавајќи ја раката како да ќе му го брцне одоздола в стомав.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој го брцна перцето во мастилото, а потоа застана за миг нерешително.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој се врати кај масата, го брцна перцето во мастилото и напиша: „До иднината или до минатото, до едно време во кое мислата е слободна, кога луѓето се разликуваат еден од друг и кога не живеат сами - до едно време во кое вистината постои и она што е сторено не може да биде отсторено:
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Работи кои не може а да не ги сториш да не нарачаш петто пиво откако си испил четири; да не го ставиш откако веќе си го брцнал; да останеш кул кога одеднаш ќе се разбудиш во крематориум, поклопецот на печката е затворен, а копчето притиснато на ’он’; да не ја сфатиш погрешно реченицата која почнува со "не ме сфаќај погрешно, ама..“
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)