го (зам.) - брои (гл.)

Сега го брои само времето на бродоломот...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Од почеток Исчезнувам и пак се појавувам, и бројам, Во секој ден го бројам нашето време, движењата на усните твоите зборови, мислите, миговите на спокој, ми го смируваат исчезнувањето, така ми е полесно.
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кого треба да го бројат на конференцијата: Бугаринот, Србинот, Гркот?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Како и да е, корисникот на бројаниците го брои - времето, го разделува истото на моменти кои подоцна ги составува во целина - акт на креација, творештво, создавање. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 111 = момент за спомен = е сувенирот како предмет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Седи, ја гледа и во мислите го брои времето од нејзиното повивање до денес.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа придушено прошепоти: - Иако отсега времето ќе го бројам поинаку...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Радица лежерно ги влечеше нозете по изабената кумановска калдрма. Го броеше секој камен, се загледуваше во нивниот облик и боја.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ете таков бил Итар Пејо. Тој знаел да брои ама не му текнувало оти магарето што го јавал не го броел.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сите го чувствуваат цутот и не мислат на него сал човекот во тремот во нем разговор со дрвото го брои цутењето што повтор му се враќа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ѕверовите губат здив кога кришум ќе се здаде од модрите длабочини А кога ќе извисне и кога ќе зататни во грлото запенува вруток бел Божилакот стои нем под кој еднаш сал помина секавица престорен Трча коњот мојот коњ Патот му го брои времето на зелен часовник Понекогаш кришум идам да го видам јавачот дали седи во сенките или шета по времето А тој - уздата ја држи главата му во облаци.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
За да може времето од нивните виолетови и сиви мрежни сенки да сече... да сплете гнездо за раѓање на битот кој ќе го бројат... сите идни створенија. без сомнеж, исткаен од превез вечен!
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Благослов за брак - Истото, што и Аритметика - Уметност на богатиот да вреќа: без пари ништо не значи. го брои своето, а на сиромашниот Брак - Тажен помен на љубовта. туѓото.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)