го (зам.) - бричи (гл.)

Ќе умре некој – кај Тасе на дуќан. Го бричи.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Јас, што сум бил легенда.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Порано се бричеше на неколку дена, потпирајќи го огледалото на ѕидот од бараката во дворот за да му гледа подобро или одеше во берберницата за да ги почувствува барем еднаш неделно нежните прсти на фризерката која го бричеше жулкајќи го по лицето за да провери каде треба уште да помине со бричот или по бричењето да го намачка со мирис и помада.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Оче Симеоне, зошто го бричиш темето? праша едната негова половина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога селаните го кутнаа, го искафтија и го изделкаа четворно, рекоа дека ќе го бричат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Патем како тогаш не можев да се доизначудам како ќе го кренат да го бричат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Пред да почне да го бричи дедо му, Ружди берберот секогаш го точеше бричот од еден каиш на столот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Пингов криво-право го бричи, но странецот бара малку да му се дотера брадичето.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
А јас морав заедно со Биби да одам на тој концерт. (Ја зема машинката и го бричи) Лобо: Ме оговаравте ли?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Грета: Каков билдер си ти кога не можеш без трева?
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Тогаш се сетив на отец Висарион кога го бричеше војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)