го (зам.) - бодина (гл.)

„Ајде, Дорчо! Ајде, добро мое! Побрзај, уште е далеку Струга! “ - го бодинаше Трајче.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
И ќе му се качеше ушка и удирајќи го со палците в слабина го бодинаше низ дворот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И му заповедаше Ајде сега, Божано, покажи како се бели и како се пудри млада невеста.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го бодинам кон езерото, навлегувам во трските.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се провлекуваше пијан низ ниски боцкави грмушки, низ трски, низ мочуриште, а крекотот на младите жаби го бодеше со смеа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)