го (зам.) - баци (гл.)

Го фати за глава, го баци во двата образа и в чело. Го повтори тоа и со Србина.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
И Богдан сега со мака ја поткрева главата од перницата и му иде да го баци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Понекогаш ќе се сожалеше и оние добичиња што од силен јадеж и страв ќе избегаа во планината, одеше да ги бара; кога ќе ги најдеше спикани во некоја грмушка или трап каде што сѐ уште мавтаат со опашката и клоцаат со нозете од силен јадеж, им се доближуваше полека, им ги вадеше коњските муви и стршлените и тие ослободени од тој напаст, го лижеа по рацете и им идеше да го бацат.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
При секое отворање на вратата од собата и погледнување во небесното синило, во него се јавува истото она чувство што се јави во дедо му Аврам кога го извадија од гроб, кога му го кренаа капакот од ковчегот, и кога тој, здогледувајќи го небесното синило над себе, му идеше да го баци.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Креваше на шишето, ја пикаше главата меѓу решетките да го баци Анка, и неможејќи - само го жулкаше по раката, го милуваше; Анко му го чувствуваше треперењето на раката која сѐ повеќе стануваше потопла; татко му отпивнуваше и сѐ така со жулкање по раката, а во очите му најадруваа солзи од милина, од радост.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога го стави в рака мобилниот, седна на столот спроти авторот и целата расмеана: „Го имам!“ му вели на авторот и го баци телефонот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Му отидов таму, седнав на навлаката за раце, го бацив среде ќелавата глава и го прашав, „Не ми докажа:“, му реков.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тој го баци олтарот, крена раце кон небесните сили, запеа со изменет глас на верник.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
АРСО: Е, се истопи од радост и од милост сиромашкиот! (Му дава знак со мимика да го баци Теодоса.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
ТЕОДОС: Ама... Не! (Крева раце како за молитва.) Не...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Предавајќи му ја, Профим го баци Полина и му рече: „Држи ја постојано пред очи“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Сара сака да го баци Сивиќ. Тој ѝ удира шлаканица.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
По долго време, шепна: - Дедо, ти еднаш рече дека си отишол во свет за да го запознаеш, за да знаеш кога ќе умреш: за што да го бациш, а за што да го плукнеш...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
И кога и таа се смири, се наведна Мил над Илко и го баци.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Ќе ми дојде некого да го бацам в чело а веднаш потоа ќе ми дојде да го плукнам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го гледам ме вика со прстот. Потрчувам и, трчајќи ми иди да му бацам рака, да го бацам в чело, на полите од шинелата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)