го (зам.) - анализира (гл.)

Кај него одлуките се донесуваат за секунда, нема големи состанчења, тој е вистински герилец!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи тие очекуваат нештата пред да бидат одлучени добро да се продискутираат, секое скратување на процесот ги прави да се чувствуваат ускратени или дури измамени!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сосема е друга работата со тнр. сократски тип, кој тежнее секое можно нешто да го анализира од сите можни агли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Притоа пред сé го анализира устројството на знакот („signe”) - термин содржан и во изразот „design”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Се разбира, Мисирков овде нема цел да го проследува тој процес и да го анализира тој поим.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Додека го анализиравме проблемот на беспарицата и излезот од бедотијата налета еден познаник кој седна до нас и ме стаписа со муабетот за женската фонтана.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Отсуството на Јана и двата дена самотија ѝ дадоа на Рада доволно време уште еднаш, дел по дел, да го анализира сето она што ѝ се случи. Да се разбере самата со себеси. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа го анализира односот на жените кон национализмот и нивната улога во него.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Таа исто така го анализира особеното значење кое приватната сфера и семејството го имаа за слободата на жената во контекст на еден авторитарен државен систем.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сличен систем им помогна на Давид Руел и Флорис Такенс во Париз да го анализираат однесувањето на турбулентните флуиди, и на Едвард Лоренц 1963-та година во Бостон да го анализира хаосот во промените на времето.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Додека други го живеат животот Јас го теоретизирам Го оградувам Го тероризирам Се препнувам од него Го канонизирам Го филтрирам и проучувам Го анализирам А потоа нестигнувајќи никаде До никакво откритие и заклучок Го синтетизирам За да можат утре Моите деца Да го почнат овој процес одново Кутрите тие! 2007
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Некои иконокластички теми датираат уште од античкиот период и од теолошките битки во средниот век, но Гамбони го анализира модерниот период кој започнува со невообичаено моќниот пример на Bilderstrum: Француската револуција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Вандализмот насочен против уметноста може да има енигматски или често бизарен мотив, но главниот аргумент на Гамбони е дека мотивот сепак не е безначаен.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Не само што можеме животот да го расчлениме на неговите составни делови, да наведам само два особено вознемирувачки примера, на гени, и да го анализираме, туку можеме тие гени со генетска технологија пак да ги составиме во нови информации и така да создадеме некое „вештачко живо битие“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Овој фрагмент од книгата на Малро ми беше добро познат. Многупати го анализирав со студентите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговите зборови, изговорени во резиденцијата на југословенскиот амбасадор, доколку беа кажани пред други можеше да се сметаат за дипломатски инцидент.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ерик Руло продолжи да го анализира и аргументира своето тврдење со споредбата меѓу либанската и југословенската ситуација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И кога тој човек е создаден и кога во него нема повеќе ниту детство, ниту младост, кога вистински станува човек, тој е завршен, готов за да умре...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа книга е наменета првенствено за студенти и постдипломци, за стручна публика која освен што очекува да ужива во општењето со расказот, се подготвува и да разговара за него, да го анализира и да го толкува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За да го анализираат поведението на таквите системи истражувачите мораат во голема мера да се темелат врз компјутерски симулации бидејќи равенките кои ги опишуваат силите во сложените процеси се премногу сложени за да можат аналитички да се решат. 84 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Теоријата заклучува дека „еден економски чинител може моментално да реши проблем што економист - теоретичар треба да го анализира за да може, во период од две години, да дојде до негова формулација.“
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Тие можат да покажуваат сложено, хаотично поведение што ја отежнува нивната употреба за создавање на прецизни претскажувања; можат да бидат нестабилни, така што и најмали промени во еден дел од моделот да доведуваат до многу големи промени во неговите претскажувања; можат во себе да вклучуваат некои величини кои што, едноставно, не можат, ниту во принцип, да се пресметаат; во нив може да има некакви врски што тешко можат да се разберат а нѐ спречуваат да го анализираме поведението на моделот со тоа што, на пример, би го разбиле на помали и полесно сварливи делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)