ги (зам.) - тука (прил.)

Од Фихтеовите Говори кон германската нација до славењето на секојдневната национална стварност во делата на импресионистите, од музиката на Сметана и Дворжак до расправите за еврејска држава на Теодор Херцл, вклучувајќи ги тука секако и делата на националистите на Третиот свет 14 okno.mk како Франц Фанон, можно е да се помисли на многубројните „пробиви” на нацијата во литературата, музиката, сликарството и новинарството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ленин ова ќе го оправда со ставот дека отстапувањето од граматичките норми во однос на невештото служење со јазикот, се разбира, вклучувајќи ги тука и заемките, е рамно на партиска девијација во животот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, поттикнат од уверливото кажување на Камилски за револуцијата и јазиците, размислуваше еден ден, сепак, да се врати на својот напуштен проект за Историјата на Балканот низ падот на империите, добивајќи нови уверувања дека војната создава широко лингвистичко движење во времињата и просторите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така, индивидуите се okno.mk | Margina #4-5 [1994] 47 повикани да го скицираат влијанието што тие “погледи” или перцепции го имаат врз нивните животи, вклучувајќи ги тука и нивните интеракции со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа значи ефектите врз нивните емоционални состојби, односите со семејството и со врсниците, социјалните односи и односите на работа, и т.н., со посебно акцентирање на тоа какво е влијанието врз нивниот “поглед” на самите себе и односите со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во него се слеваат “битијата на природата, резултатите на индустријата, техниката и богатствата, делата на културата, вбројувајќи ги тука и начините на живеење, ситуациите, модулациите или раскинувањата со секојдневното”, кон што треба да се додадат јачината на медиумите, брзината на комуникацијата и мноштвото на услужни дејности коишто во последно време најбрзо се развиваат.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во рамките на единиците на НОБ влегле и антифашисти од редовите на Албанците, Турците, Власите, Ромите и Евреите од Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По разоружувањето на италијанските единици се проширила и слободната територија во Западна Македонија на просторот: Кичево, Дебар, Струга и Маврово вклучувајќи ги тука и првите ослободени градови: Кичево ослободено на 11 септември 1943 до 1 октомври 1943, и Дебар ослободен на 9 септември 1943 до 16 ноември 1943 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Како што веќе беше кажано и телото на човекот исто така е разбрано како машина, но тоа е зачувано од механичкиот автоматизам со суверената контрола на рес цогитанс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако функциите на човечкото тело се механички, однесувањето на човекот, во најширока смисла, вклучувајќи ги тука сознајните и волевите активности, не може да се објасни само со поимите на материјата и движењето, туку бара и други одредувачки атрибути- ментални (духовни).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Деструктивните резултати на перформансите, сликите и скулптурите на Yoko Ono од доцните педесетти навака, како и Feu a volonte, конструкцијата на Nikki de Saint Phale од 1961 г., наполнета со вреќи со пигменти што експлодираат застрелани со пушка, демонстрираат дека жените сепак не се исклучени од уништувањето на уметничкиот материјал, вклучувајќи ги тука и површините на нивните сопствени тела, како во перформансите на самоосакатување на Gina Pane.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па сепак, тој тип на квантитативна разноликост не е еквивалент на стварната диверсификација на дигиталниот текст, вклучувајќи ги тука дистрибутивните мрежи, апаратот за визуелизирање (browser-и, VR hardware и други интерфејси) и посредувачката машинерија (рутери, dial-up протоколи, екрани).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Компјутерските фонтови се индикации за типот на технолошката сложеност којашто дозволува широк варијетет од форми, величини, дисторзии и типови повишувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Во почетокот на 1944. година, Дибифе направи збирка од извонредно сликовити и упадливо динамични детски цртежи, впечатливо слични со делата од раните и средни 40-ти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Враќајќи � се повторно на уметноста по седумнаесетгодишна пауза тој се сврти кон детската уметност 1942. токму во горе споменатиот контекст, и кон „art brut”, 1945. година, како што тој ја нарекуваше „работата создадена од луѓе недопрени од уметничката култура”, вклучувајќи ги тука и децата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Што значи да се биде граѓанин во модерна демократска смисла попрво ќе научиме од пар американски филмови отколку од целата хрватска литература, вклучувајќи ги тука и сите ликови на Крлежа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Секоја Татко­ва книга во библиотеката, вклучувајќи ги тука светите кни­ги, посебно Библијата, Куранот и Талмудот, за кои најмно­гу се грижеше Мајка, означуваше некаква врвица кон го­лемиот излез, кон спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ваквиот заклучок се наметнува без оглед на употребениот јазик за составување на описот, вклучувајќи ги тука и сите научнички јазици на математиката и компјутерските програми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)