ги (зам.) - насмеа (прил.)

Софорние стана; метанисувајќи и отстапувајќи назачки, погрешно се упати кон вратата што водеше на чардакот - тоа Турците ги насмеа - па мораше, пак метанисувајќи и отстапувајќи назачки, да се враќа назад - за да излезе правилно: низ вратата што направо од гостинската одаја, односно од горниот кат прудолу по скалите водеше во тремот на долниот кат и оттука, низ Голема врата, во Предното двориште.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Трајко ожолте како восок, свеста му се заврте, пак ја лепна цигарата од кај огнот и пак ги насмеа агите, но тие ништо не можеа да забележат во забраденото негово лице.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)