ги (зам.) - заедно (прил.)

„Отсечете му ја главата!“ нареди царот. Сребрената секира замавна. „Запалете ја машината со летачот и закопајте ги заедно!“ нареди царот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кога ќе му дојдат другари - ќе има другари и другарки како во Кочани - ќе можат да седнат дури и на подот - баба му даде сосем нова черга... ќе има другари и другарки... ќе има... ех, Јана... срипа, ја отвори последната фиока и оттаму го зеде албумот... милата Јана... ја засака како сестричка, пред да се роди Мими... еве ги заедно во забавиште, на приредбите во кои учевствуваа, еве ја и последната - збогум забавиште мило - заминуваме на училиште!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)