ги (зам.) - различен (прид.)

Но, Дишан оди многу подалеку, бидејќи предвидувајќи ги различните субјективни реакции на набљудувачот како соучесник и творец на уметничко дело, тој ја задржува контролата, па дури го искористува самиот набљудувач.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Пјер Бонар (Pierre Bonard) и Морис Денис (Maurice Denis), на пример, ја издвоија неспретноста при детското цртање, да ја користат во функција на послободна експресија.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во терапијата, заедно со овие луѓе јас учествував во спротивставувањето на различните практики на моќ, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на: (а) технологиите на селф - самопотчинувањето преку дисциплина на телото, душата, мислите, и однесувањата во согласност со утврдените начини на постоење (вклучувајќи ги различните делувања кои ги обликуваат телата според карактеристиките на полот); (б) технологиите на моќ - потчинување на другите преку техники како што се изолација и надзор, и преку постојано вреднување и споредување. 60 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Индивидуите сега се во позиција да развиваат алтернативни и преферирани индивидуални и интерперсонални односи - контрапрактики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ако секој миг на играта го прифатам како супститут на животот ( во кој е сконцентрирано сето сознание за минливоста и неповторливоста), можеби ќе успеам, совладувајќи ги различните стадиуми на играта, да го достигнам умеењето, мојата сопствена игра да е во исто време општа, и тоа сосем спонтано, природно.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Уметниците беа нагло вовлечени во процесот на организирање на овие изложби, истовремено проучувајќи ги различните аспекти на детскиот цртеж и користејќи ги како стимул за сопствената работа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)