ги (зам.) - негов (прид.)

Другарот Чапаев, небаре читајќи ги неговите мисли, продолжи: -Всушност, не се работи за никаков испит, туку ќе треба да говорите за вашата идна мисија како судија, како што знаете и умеете, ќе кажете што очекувате од вашето судење.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко одамна го немаше меѓу нас, а Мајка, вардејќи ги неговите книги и нивниот распоред, постојано ја гледашесликата на Фетхи-беј Окијар, никогаш не дознавајќи ја, како и Татковата мајка, докрај тајната на неговото цариградско време и на неговите врски со мајкиниот роднина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Имотските луѓе, делениците кои беа повикани од Прилеп и од Битола и сестрите насетуваќи ги неговите намери го советуваа да биде претпазлив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Читајќи ги неговите дела, перцепирајќи ги нивните содржини преку театарските претстави, филмовите, телевизиските серии стануваме сведоци на неговото принципиелно движење, инклинирањето кон жанрот, стилот и групата автори.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Барем триесетина луѓе што Винстон лично ги познаваше, не сметајќи ги неговите родители, беа исчезнале во една или во друга прилика.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие како да беа рамнодушни, што убавата преспанка им го навредува господарот, одбивајќи ги неговите дарови...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одбележи ги неговите места.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Со технички грешки, често визуелно некохерентни, сликите сепак доловуваат нешто од вонземската и електрифицирачка атмосфера што Бојс ја создаваше во неговите рани перформанси.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Скоро сосема избегнувајќи ги многу репродуцираните фотографии што Бојс го направија славен, Арена се обидува да постигне донкихотски гест за уметникот, истовремено славејќи ги неговите дела од претходната декада, и спречувајќи било какви предвремени заклучоци околу нив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
За да ја скроти неговата љубопитност Ивона ја впери камерата во неговата глава, зумирајќи ги неговите сафирни очи фаќајќи го огнометот на искрите рефлектирани во нивниот сјај.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дишан еднаш рече: „Креативниот чин не го извршува само уметникот, туку и набљудувачот го доведува делото во допир со надворешниот свет одгатнувајќи и интерпретирајќи ги неговите внатрешни вредности и така дава свој придонес во креативниот чин”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога, еднаш, во паркот, му рече дека Иван е лекар, тој зеде шепа земја и ја наполни големата уста. „Зошто го стори тоа?“ се иплаши таа држејќи ги неговите раце. „Пијан си, немој...“ Ја погледна и се наведна. „Не, тоа, го сторив за да не прснам од смеа.“ А кога и рече за некој свој пријател лекар што некоја Марија го оставила, кога и рече дека тој бил највеличествената болка на светот, му ги пушти рацете.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Каква болка може да носи рибата под студените перки. „Момче“, суво воздивна без љубопитност мерејќи ги неговите широки раменици. „Читајте ги Давидовите псалми и не додевајте ми веќе.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Денко стоеше настрана, следејќи ги неговите успешни стапки и фатки, стрепејќи од неуспешните.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сега тие сигурно веќе се искачуваа по онаа угорница, одбирајќи ги неговите вчерашни стапалки и слепо држејќи се за нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Го заплиснуваше со сите изглодани мрши и со сите свои соништа, она обезличено суштество на три нозе, кое просто цвичеше, сонувајќи за тоа свое очекување, лижејќи ги неговите стапалки во снегот, при што носалките му се собираа и му се грчеше неговата остра муцка, а притоа од таму доаѓаше и некое на прв поглед ќе речеш презриво, шеговито мрморење низ полузатворени очи, потсветнуваше едно чудно здрава белина на неговите очници, обвиткани во розовоста на неговите непца.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А луѓето, гледајќи ги неговите слики, се воодушевуваа и му велеа: ”Сликаре, преку твоиве слики гледаме колку ни е убаво селово.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Изгледа ти и не си сакал да помислиш дека Денко Самоников најмалку живее овде и сега - паметам дека го завршив моето излагање- Тој изгледа одамна беше зачекорил во она друго време, во кое се наоѓа сега.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сметајќи ги неговите аргументи премногу обични и упростени постојано поаѓав од моите речиси единствени ставови и мерила: дека овој наш свет е и премногу минијатурен за да може да се живее само овде и само сега, и само според законите на Адам и Ева.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога се умори од тоа лудување, се смири на грб замижан од сончевината, од која не го гледаше небото, а потоа, за да не потоне во тоа блаженство, заплива кон длабочината на езерото, сечејќи ги неговите благи бранови.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Разгледувањата на прозата на Чинго кои се лоцираа во вториот аспект, откривајќи го потеклото на тоа раскажување, барајќи ги неговите детерминанти во начинот на раскажувањето, трагајќи по раскажувачките системи врз кои се надоврзува, во критиката кај нас се доближија до едно сознание што во голема мера е општо.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Вербата твоја го разубедува, покривајќи ги неговите преплашени сомнежи, давајќи му сигурност, како што сонето со својот сјај ги осветлува црните лисја.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)